1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
08.02.2012 👁 Прочитано: 63

Во рамките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали - ФОРМИРАНА ГРУПАЦИЈА ЗА АГРЕГАТИ, БЕТОНИ И АСФАЛТИ


*За претседател на Групацијата  е избран  Иван Ангелов од Цементарница „Усје“ – Скопје


      Во рамките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали, на 8.02.2012 година, формирана е Групација за агрегати, бетони и асфалти.

      Идејата за формирање на Групацијата беше поздравена и поддржана од страна на присутните компании кои врашт експлоатација и преработка на агрегати, производители на бетони и асфалти, како и од лабораториите кои имаа решенија за именување на тело за атестирање на сообразност (во зависност од опсегот на акредитацијата).

     Во оваа област активни се повеке 100 -150 компании кои имаат концесии за експлоатација на преку 100 локалитети за агрегати, потоа околу 100 компании кои вршат производство на бетон и/или бетонски  производи и асфалтирање на околу 10 компании. 

 

       Целта за формирање на Групацијата е пред се`, поизразената потреба од организирано делување и едуцирање на учесниците во производството на конечниот производ, односно бетонот или асфалтот, притоа почитувајќи ги одредбите на законските решенија за градежни производи, како и имплементација на усвоените европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Република Македонија.

        Заради поголема координираност и организираност на Групацијата, се формираа експертски тимови и тоа за агрегати од фирмите „Макалб“ и Рудници Бањани, за бетони од Цементарница „Усје“ и „Гоива“, за асфалти од „Гранит“ и „Илинден“ од Струга и претставници од лабораториите на  Градежниот институт „Македонија“ АД - Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ – Скопје, Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје„ АД - Скопје, Лабораторијата за испитување на градежните производи и Евро консалтинг ДОО - Скопје – Лабораторија за испитување на градежните материјали.

       Во расправата беше истакната потребата од поголема соработка на надлежните институции, па затоа во наредниот период ќе се одржуваат средби, на кои ќе се расправа по конкретни прашања, но и запознавање на компаниите со потребата од почитување на законските решенија кои се неопходни за постигнување на крајната цел – добивање на квалитетен производ, согласно законските решенија.

       За претседател на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти е избран  Иван Ангелов од Цементарницата „Усје“ – Скопје.

                                                                                           Марија Петреска

Во рамките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали - ФОРМИРАНА ГРУПАЦИЈА  ЗА АГРЕГАТИ,  БЕТОНИ И АСФАЛТИ