ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА



Министерството за правда ја објави работната верзија на Предлог – законот за парничната постапка на страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Предлог – законот предвидува повеќе измени во однос на важечкиот Закон за парничната постапка, во делот на одредбите со кои се уредува надлежноста на судот, роковите за преземање на одредени процесни дејствија, полномошниците на странките, доставувањето, водењето и текот на постапката во насока на унапредување на ефикасноста и скратување определени рокови, изведувањето на докази, исправите, определувањето на вештачење, ревизијата како вонреден правен лек и друго.

Целта на донесувањето на Предлог – законот е да се надминат постоечките слабости и да се подобрат законските одредби во насока на нивна поголема применливост, со што ќе се создаде функционална, успешена и ефикасна парнична постапка.

Предлог – законот за парничната постапка е достапен на следниот линк:

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_ann_detail&itemid=Td/zfMfu84TYBAzX+8Ib7Q==


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје