ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕДНОШАЛТЕРСКИОТ СИСТЕМ И ЗА ВОДЕЊЕ НА ТРГОВСКИОТ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА



Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица се поедноставуваат условите и постапката за отварање нова фирма и нејзино отпочнување со работа, на начин што преку едношалтерскиот систем воспоставен во рамки на Централниот регистар, основачите на фирмите, како што тоа досега е предвидено за законските застапници/управителите, ќе имаат можност да бидат вработени т.е. пријавени како вработени лица во Агенцијата за вработување, истовремено со поднесување на пријавата за основање на фирмата, без објавување оглас за вработување од страна на Агенцијата за вработување, во времетраење од најмалку 3 дена.

Внесувањето на податоците за првото вработување на основачите на фирмата и нивното вклучување во задолжителното социјално осигурување, Централниот регистар ќе има можност да го изврши електронски, преку електронско поврзување на своите регистри со регистрите и базите на податоци коишто се водат во Агенцијата за вработување, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Фондот за здравствено осигурување.


Контакт лице: м-р Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје