Семинар 21.02.2020 КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ

Стопанска комора на Македонија

Eднодневен семинар на тема:

КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
- Искуства од досегашната примена на Законот -

21 февруари 2020 година
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
  

Имајќи предвид дека со Законот за јавни набавки се воведоа некои суштински измени кои во значителна мера влијаат врз процесот на спроведување на јавните набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 21 февруари 2019 година и истиот е наменет за сите договорни органи (набавувачи) и економски оператори (понудувачи) како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки.

Целта на семинарот:

Целта на овој семинар е набавувачите и понудувачите детално да се запознаат со измените да ги увидат најчестите грешки и предизвици што ги нуди новото законско решение, да се запознаат со новините и предностите со цел правилно спроведување на постапките за јавни набавки како и подготовка на успешни и квалитетни понуди и учество на тендери според новите правила.

Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка се  само мал дел од новините кои се имплементирани во актуелното законско решение.

ПРОГРАМА

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА И ГРЕШКИ ОД ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ:
- Кога и како да пристапам до ГОДИШНИТЕ ПЛАНОВИ ЗА НАБАВКА на договорните органи?
- Увид во проценетата вредност на набвката по донесување на ОДЛУКАТА
- Кои се разликите помеѓу набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка и што да се има во предвид при подготовка на понудата и потребната документација!
- Заштита на лични податоци – на што да се внимава при изготвување на понудите и докажување на способност!
- Начин на докажување на способност и потребна документација по видови на постапки за јавни набавки!
- Прашања и одговори пред доставување на понудата!
- Потребна документација за учество на тендер – кои се услови за исклучување и за квалитативен избор на економските оператори?
- Критериуми за доделување на договорот – јасни, прецизни и недискриминирачки. Сооднос цена/квалитет и цена/трошоци за животен век - детални образложенија и насоки во ТД;
- Внимание – цена на понудата заснована врз реални трошоци + заработка, НЕ ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА ЦЕНАТА – КОНЕЧНА ЦЕНА не е предвидена;
- Опционална - Е-аукција (не се препорачува - нереални високи понуди и можност за манипулација), 99% од огласите повторно завршуваат со е-аукција НЕ ЗНАЕЊЕ ИЛИ ДОГОВАРАЊЕ;
- Аритметичка грешка, понуда со невообичаено ниска цена и што во тој случај?
- Појаснување и дополнување на понудата – дали, како и што може да се менува;
- Кои податоци не може да се означат како деловна тајна, како се прави увид во понудите на конкурентите/понудувачи?
- Намалување на негативната референца 6/3;
- Електронска жалба и рокови за изјавување на жалба?
- Измена на склучен договор во тек на негова реализација, услови кои треба да се имаат во предвид;
- Статистички анализи од примената на новото законско решение – многу поништувања, 400 обжалени постапки и намалена конкуренција!!!

Предавачи на семинарот ќе бидат изготвувачите на новиот Закон за јавни набавки, со кои ќе имате непосредна можност да разговарате за новините и толкувањата на одредбите. Предавачите се воедно експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки (БЈН), вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија:
o м-р Марија Јованоска – Раководител на сектор во БЈН и
o м-р Горан Давидовски- Помошник раководител на сектор во БЈН.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Поради голема заинтересираност и ограничениот број на места,  Ве молиме Вашата пријава да ја доставите најдоцна до 14 февруари 2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 26.10.2020
ВОСПОСТАВУВАЊЕ ИНТЕРНА ПРОЦЕДУРА ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
Семинар, 27.10.2020
ПРАВЕН АСПЕКТ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА – ПРАВА, ОБВРСКИ И ВИДОВИ ДОКАЗИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА
Семинар, 28.10.2020
УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“