Семинар 07.02.2020 УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ (PERFORMANCE MANAGEMENT SYSTEM)

Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат


   


Стопанската комора на Македонија на 7 февруари 2020 година организира еднодневна специјалистичка обука на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ“. 

Цел на специјалистичката обука:

Примарната цел на обуката е да се даде јасна насока на одговорните за управување со човечките ресурси, за тоа како во една организација да се изгради соодветен систем за мерење на учинокот и перформанси на вработените и со тие резултати да  може најсоодветно да се одговори на прашањето: „Каков е некој работник?“ . Со конкретно добиените податоци (процент, индекс, бодови итн.) од мерењето по неколку аспекти, а не впечатоци (не е лош, солиден, може подобро), да се објектизира организацискиот систем за управување со човечки ресурси.
Секундарна цел, не по значење, туку хронолошки е прашањето: „Што треба да се направи за некој да стане квалитетен работник?“ и тоа според аспектите кои предходно сме ги измериле, предлагање на конкретни мерки за подобрување во работењето и тоа преку активно учество на вработениот во соодветни процеси.
 Секако, основна цел на оваа специјалистичка обука е пред се` да се развие свеста дека човечките ресурси, т.е. човекот е најважен ресурс на секој процес во која било организација. И како таков, не може да се пристапи само од позиција на кадровска евиденција, односно потребно е управување со него, на тој начин што ќе се мери придонесот на секој вработен во согласност со постигнатите дефинирани правци за негово подобрување (управување со работата на вработените, нивно развивање и претварање во организациски партнери).
 На оваа обука ќе се споделат принципи, насоки, упатства и добра пракса за воспоставување систем за управување со перформансите на вработените, адвекватни за секоја дејност, организациска структура, специфичности на процесите и постојната  корпоративна клима.

За кого е наменета обуката?

Доколку во вашата компанија немате воспоставен начин за мерење на перформансите на вработените, на сите работни места, започнувајќи од менаџментот па се` до извршувачите или пак доколку постои систем за мерење кој сакате да го унапредите, тогаш оваа обука  е одлична прилика за вас да добиете принципи, насоки и упатства како на ефективен и ефикасен начин да воспоставите постојано унапредување на системот за управување со перформансите на вработените.
Дополнително истата е наменета и за менаџери, раководители, тим лидери и вработени во секторот за човечки ресурси и во правниот сектор, како и за менаџери од сите нивоа (топ, среден и линиски), сопственици на компании и останати вработени кои сакаат да го прошират и усовршат своето знаење по дадената проблематика.
Препорачливо е обуката да ја посетат сите вработени кои се вклучени во следниве организациски процеси:
 - Анализа и планирање на структурните потреби за човечки ресурси (квантитативно и квалитативно);
 - Дефинирање на неопходните компетенции, знаења, вештини и потенцијали (когнитивни и конативни црти на личности) по работни места;
 - Регрутација и селекција;
 - Воведување на нововработени, менторство, социјализација и насочување во организациската структура;
 - Управување со корпоративната клима (мерење на задоволството на вработените, дефинирање на мотивациски модели, креирање на нова корпоративна клима);
 - Управување со потенцијалите на вработените (мерење и унапредување);
 - Мерење на компетенциите на вработените;
 - Управување со развојот на компетенциите на вработените преку групна и индивидуална работа;
 - Едукација на вработените од аспект на знаења, вештини, способности и компетенции;
 - Проценка на работната успешност (Performasnce Management System);
 - Развивање на системот на наградување;
 - Наградување и мотивирање;
 - Здравје и безбедност при работа;
 - Управување со кариерата (промоција, деградација, отпуштање).

ПРОГРАМА


1. ПРОЦЕНКА НА СТЕПЕНОТ И КВАЛИТЕТОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ
• Ефективност и ефикасност на процесите;
• Клучни индикатори на извршување – KPI;
• SMART принцип на поставување на целите;
• Спуштање на стратешките цели до ниво на активности на работното место – Вкупна ефективност на компанијата. 

2. ПРОЦЕНКА НА НИВОТО НА КОМПЕТЕНЦИИ
• Дефинирање на компетенциите;
• Мерење на компетенциите – 360 Assessment Tool (Прашалник);
• Континуирано следење на нивоата на компетенции;
• Дефинирање на когнитивно-конативен профил како предуслов за постигнување на компетенции.

3. ПРОЦЕНКА НА СТЕПЕНОТ НА ЕДУКАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ
• Анализа на индивидуалните потенцијали – AIP;
• Тематски работилници;
• Групи за унапредување на потенцијалот;
• Индивидуална работа за унапредување на потенцијалот;
• Изработка на индивидуален план за унапредување на потенцијалот.

4. ПРОЦЕНКА НА ПРИДОНЕСОТ ОД КОРПОРАТИВНАТА КУЛТУРА И КЛИМА
• Мерење на задоволството на вработените;
• Корпоративна култура и корпоративна клима. 

5. ПРОЦЕНКА НА ПРИДОНЕСОТ ОД ПОДОБРУВАЊЕ
• Систем за постојано подобрување;
• Евалуација на придонесот за подобрување .

6. ПРОЦЕНКА НА ПРИДОНЕСОТ ОД МЕНТОРСТВО, ИНТЕРНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ
• Систем на менторство;
• Евалуација на придонесот од процесот на менторство. 

7. ПРОЦЕНКА НА ПРИДОНЕСОТ ОД ПРОЕКТИТЕ
• Систем на управување со проектите;
• Евалуација на придонесот од проектите. 

8. КОНТИНУИРАНИ И ПЕРИОДНИЧНИ РАЗГОВОРИ СО ВРАБОТЕНИТЕ
• Процедура на мерење на работната успешност – перформанси;
• Скала за мерење на сите аспекти на успешност;
• Начини на водење на интервју;
• Мерење на унапредувањето на перформансите;
• Постигнување на согласност помеѓу раководителот и подредениот по сите аспекти од измерените перформанси и мерки за нивно унапредување.

Предавач:
- Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „PDCA Konsalting“ од Нови Сад, Р. Србија, со петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти  и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија итн. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на специјалистичката обука ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на специјалистичката обука. 

Последен рок за пријавување1.02.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.07.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Online Бизнис средби, 27.07.2020
Покана за учество на „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020 - 28-30.07.2020 година, Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ
Семинар, 28.07.2020
ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА, ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“