ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
18.06.2019
Презентација
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА БРИТАНСКА ПРОГРАМА ЗА МАСТЕР СТУДИИ
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат, Македонија

Стопанската комора на Македонија и ICBS Бизнис Колеџ, (Солун-Атина-Лариса), Ве покануваат на презентација на Британска програма за мастер студии на 18 јуни 2019 година (вторник), од 14:00 до 16:00 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Зошто да студирате на ICBS Бизнис Колеџ во Солун, Грција?

Бизнис колеџот ICBS (Солун-Атина-Лариса) е една од најистакнатите и престижни образовни институции во Грција со над 40 годишно постоење и нуди високо квалификуван академски кадар, за развој на личности кои ќе бидат подготвени да ги исполнат предизвиците на сегашноста и иднината. Филозофијата наICBS е базирана на пет столба:Образование според европски и меѓународни стандарди , Студиски програми прилагодени на потребите на глобалниот пазар, Истакнати професори со академска позадина и професионално искуство, Фокусирани студенти и Развој на претприемачкиот дух.

Вашето присуство за презентацијата потврдeте го најдоцна дo 17.6.2019 година (понеделник) кај контакт лицата: Даниела Михајловска Василевска, е-адреса: daniela@mchamber.mk; телефон: 3 244-021 и Ирена Мојсовска, е-адреса: irena@mchamber.mk; телефон: 3 244-009.

АГЕНДА

13:45 – 14:00h

  • Регистрација на учесниците

14:00 –14:15h

  • Официјално обраќање на организаторите

14:15 –14:45h

· Презентација на Програмата за Мастер студии на Универзитетот во Винчестер, Велика Британија
Детали во врска со акредитираната Програма во Солун, Грција

14:45 -15:00h

· Прашања и одговори

15:00 -16:00h

· Дискусија со присутните кои заинтересирани за мастер студии на Бизнис колеџот ICBS


Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лице:
Даниела Михајловска Василевска
Телефон: ++ 389 2 3244021
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Ирена Мојсовска
Телефон: ++ 389 2 3244009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје