ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
17.06.2019
Тренинг обука
Покана за отпочнување на Пилот обуки за проектирање и инсталирање на сончеви термални колекторски и фотоволтаични системи за работници и инженери
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Проектниот тим на проектот ТРАИНЕЕ со задоволство го најавува почетокот на обуките за дизајн и инсталирање на сончеви колекторски и фотоволтаични системи. Обуките се организирани од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, а ќе се реализираат во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини во периодот од 17-ти јуни 2019 до 2 јули 2019.

Подетални информации за распоредот на часовите во текот на обуките ќе бидат споделени на воведното предавање за време на Официјалното отпочнување на обуките што ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија на 17-ти јуни 2019 во 12:00 часот.

Опис на пилот обуките:

Пилот обуките ќе се реализираат во рамките на проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“- ТРАИНЕЕ http://trainee-mk.eu/ , со цел да се проверат во пракса развиените програми за обука и тренинг материјалите.
Програмите за обука се развиени во контекст на барањата на ревидираната европска Директива за промовирање на користењето на енергија од обновливи извори Directive 2018/2001/EU. Вкупното траење на обуките е 80 часови настава, организирани така што 30% од часовите се наменети за теоретска настава, 60% од часовите се организирани како практична и теренска настава и 10% за евалуација на знаењето, што ќе резултира со стекнување на сертификат со важност во ракмите на проектот. Обуките ќе се реализираат на македонски јазик.

Кој може да се пријави на обуките?

На обуките може да се пријават кандидати според следните предуслови:

- За Прво ниво (инсталатери): три и четиригодишно средно стручно образование од техничките струки (електричари, механичари, градежни техничари и сл.) или работно искуство и/или обука за водоводџија, електричар, кровопокривач или слично со поседување на соодветни вештини и
- За Второ ниво (дизајнери): високо образование на техничките факултети со најмалку 180 ЕКТС (електроинженер, машински инженер, градежен инженер и сл.).

Како да се пријавите за обука?

Пријавувањето за обуките се прави најдоцна до 13-ти јуни 2019, со пополнување на он-лајн формуларот за регистрирање достапен на линкот: https://bit.ly/2IfBRBF

*Бројот на кандидати кои ќе бидат опфатени со обуките во рамките на проектот е ограничен. Проектниот тим по потреба ќе направи селекција на пријавените кандидати. Секој од пријавените кандидати ќе добие повратен одговор за статусот на пријавата.
*Учеството на обуките е бесплатно.


Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лице:
Ивана Крстевска
Телефон: ++ 389 2 3244051
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Ivana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Ирена Мојсовска
Телефон: ++ 389 2 3244009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје