ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
24.06.2019
Семинар
ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА И ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА И  ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

(Службен весник на РСМ, бр. 98 од 2019 година и Службен весник на РМ, бр. 120 од  2018 година, член 182 став 2 кој влегува на сила од 1 Јуни 2019 година )

24.06.2019 година
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

          Овој семинар пред се, има за цел да ги појасни и доближи пропишаните законски измени во Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Службен весник на РСМ, бр. 98 од 2019 година кој влегува во сила на 29 Мај 2019 година и Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Службен весник на РСМ, бр. 120 од 2018 година, а согласно член 182 став 2 кој влегува на сила од 1 Јуни 2019 година.
          На еднодневниот семинар, учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за пропишаните законски измени кои имаат за цел појаснување на одредбите  на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, во делот на издавањето фискална сметка, временско ограничување на издавањето на сторно сметка кај угостителите, кај вршителите на промет на храна и пијалоци и обложувалниците како и описот на плаќањето- со платежна картичка или во готово.
          Учесниците ќе добијат и подлабоко разбирање за начинот и контролата од страна на УЈП во делот на двата Закони.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Кога се издава фискалната сметка на купувачот на доброто и услугата?
- Кога се издава фискалната сметка при вршење на трговија преку дистрибутер?
- Кој е пропишаниот, задолжителен опис на фискалната сметка ?
- Кој е редоследот на елементите искажани на фискалната сметка?
- Што ни кажуваат новите членови во Законот за регистрирање на готовински плаќања?
- Опис- плаќања или делумни плаќања! Во готово или со платежна картичка!
- Сторна трансакција- дополна на членот 10 од Законот!
- Забрана за издавање сторно сметка- кога и во кои случаи?
- Изрекување на забрана за вршење на дејност- промена на член 20 од Законот!
- Избегнување на повторување на прекршок!
- Глоба- за кои дела се пропишува казна глоба и во кој износ!
- Кога УЈП носи решение за забрана вршење на дејност во деловната просторија (15 или 30 дена)?

ПРОГРАМА:

- Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам-   на сила од 1 Јуни 2019 година:
• Забрането плаќање во готово за суми над 500 евра во   денарска противвредност;
• Издавање фискална сметка преку дистрибутери;
• Готовина и плаќање со готовина;
• Надлежности за надзор на Управата за јавни Приходи врз   правни и физички лицa;
• Глоба;
• Дефиниции- перење пари, трансакција, повремена трансакција,   пари, готовина, електронски пари, овластно лице, игри на   среќа.
- Закон за изменување и дополнување  на Законот за   регистрирање на готовински плаќања- на сила од 29 Мај 2019   година:
• Издавање фискална сметка преку дистрибутери;
• Содржината на фискалната сметка: опис, количина, опис на   плаќање- проширување;
• Дополнување- приложување на фискалната сметка кон сметката   која се сторнира;
• Сторно сметка во угостителски објекти и обложувалници;
• Глоба;
• УЈП- промени во однос на изрекување на мерка забрана за   вршење на дејност.

Семинарот ќе резултира со:

- Подлабоко разбирање за пропишаните законски измени на Закон   за спречување перење пари и финансирање на тероризам и   Закон за изменување и дополнување  на Законот за   регистрирање на готовински плаќања;
- Навремено обучени вработени кои правилно ги применуваат законските одредби на Законите;
- Градење и одржување на имиџ добра компанија на пазарот преку правилното и законско работење;
- Принцип на применување на пропишаните законски измени, а со тоа- глобите не се блиски на нашите компании.

Предавач:

Мери Каровска, Дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС.  Предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Со искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација Achieve Global потоа Link Across и Американ Колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран Корисник.

Паралелно, триесет и две години работа со сметководство на здруженија, фондации и компании со различни дејности. Во поново време, соработка со буџетски институции.
Искуство стекнато и како финансов директор во ИТД Дистрибуција Скопје, една од водечките компании во ИТ секторот кај нас, членка на Инфософт Групацијата.
Управител на лиценцираната компанија за  економско- сметководствени услуги “Каровска ДООЕЛ” од Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 19.6.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје