Форум 28.05.2019 - 29.05.2019 Бизнис Форум и билатерални деловни средби – Северна Македонија и Словенија 28 мај 2019 година, Стопанската комора на Словенија, Љубљана

Стопанската комора на Словенија, Љубљана , Словенија


   

ПОКАНА  
Бизнис Форум и
билатерални деловни средби – Северна Македонија и  Словенија
        28 мај 2019 година, Стопанската комора на Словенија, Љубљана

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Словенија, во соработка со Владите од двете држави ве покануваат да учествувате на Бизнис Форумот и деловните средби, што ќе се одржат на 28 мај 2019 година, во Љубљана, Словенија.

На форумот свое обраќање ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија и на Словенија, како и претставници на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Словенија, по што ќе следат директни средби помеѓу македонски и словенечки компании.

Настанот ќе се одржи на 28 мај 2019 година (вторник), со почеток во 15:00 часот во просториите на Стопанската комора на Љубљана, во Словенија, адреса: Dimičeva ulica 13, 1000, Љубљана.

Учеството на деловните средби е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците.

Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 22 мај 2019 година (понеделник) со пополнување на Пријавниот Лист, до контакт лицето: Ирена Мојсовска, е-адреса: irena@mchamber.mk, телефон: ++ 389 2 3244 009.

Со можност да добиете подобра цена, во прилог е Списокот на хотели, а формуларот за избор на хотел се наоѓа во Пријавниот Лист: Hotel Request Form, кој треба да се пополни и електронски да се достави до: irena@mchamber.mk.

Агенда на настанот Пријавен лист Останати документи

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 03.06.2020
КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?
Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина