1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
24.05.2019
Бизнис средби
Бизнис Форум и билатерални деловни средби – Северна Македонија и Црна Гора 24 мај 2019 година, Стопанска комора на Црна Гора, Подгорица
Стопанската комора на Црна Гора, во Подгорица, адреса: (Novaka Miloševa 29/II, Podgorica 81000)., Црна Гора

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, во соработка со Владите од двете држави ве покануваат да учествувате на Бизнис Форумот и деловните средби, што ќе се одржат на 24 мај 2019 година, во Подгорица, Црна Гора.
 
На форумот свое обраќање ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија и на Црна Гора, како и претставници на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, по што ќе следат директни средби помеѓу македонски и црногорски компании.

Настанот ќе се одржи на 24 мај 2019 година (петок), со почеток во 09:00 часот во просториите на Стопанската комора на Црна Гора, во Подгорица, адреса: (Novaka Miloševa 29/II, Podgorica 81000).

Учеството на деловните средби е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците.

Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 17 мај 2019 година (петок) со пополнување на Пријавниот Лист, до контакт лицето: м-р Ивана Крстевска на е-адреса: ivana@mchamber.mk  или на  телефон: ++ 389 2 3244 051.

Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Ивана Крстевска
Телефон: ++ 389 2 3244051
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Ivana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје