1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
27.05.2019
Семинар
ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПО ОСНОВ НА ОТСУСТВА ОД РАБОТА, ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ И УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна работилница на тема:

ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПО ОСНОВ НА ОТСУСТВА ОД РАБОТА, ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ И УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

27.05.2019 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 27 мај 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Преглед и анализа на правата и обврските од работен однос по основ на отсуства од работа, евиденција на работно време и услови и правила за спроведување дисциплинска постапка“, во насока на обезбедување добро разбирање за законски предвидените отсуства од работа на работниците, како тие влијаат врз работниот процес преку нивен одраз во рамки на предвиденото работно време, за кое пак постои точно определен модус на евидентирање. 

          Во корелација со претходно наведеното, работилницата исто така има за цел да направи осврт на отсуствата од работа по основ на боледување, раѓање и мајчинство, при што детално ќе бидат разгледани сите можни дилеми кои во секојдневното работење се јавуваат во врска со предметната материја.  Во пресрет на годишните одмори, ќе се направи исцрпна анализа и на отсуството од работа поради користење годишен одмор, при што ќе се објаснат правата и обврските на работодавачите и работниците. Со еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, при што акцент ќе биде ставен на дискусија и одговор на сите пројавени прашања и дилеми, а сé во насока на поголема правна заштита и сигурност.

ПРОГРАМА


I. ОТСУСТВА ОД РАБОТА

• Законска регулатива;
• Закон за работни односи;
• Општи колективни договори;
• Платено отсуство;
• Неплатено отсуство;
• Оправдани причини за отсуство;
• Отсуство од работа заради вршење на функции или   обврски по посебни закони;
• Отсуство од работа заради образование.
• ПРЕГЛЕД И ОБРАБОТКА НА ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР.


II. ОТСУСТВО ОД РАБОТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ

• Отсуство од работа поради неспособност за работа   поради заболување или повреда;
• Исплата на боледување на товар на работодавач;
• Исплата на боледување на товар на Фонд за здравствено осигурување;
• Најчести дилеми по однос на боледувањето;
• Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство;
• Повторно враќање на работа од отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство;
• Користење на отсуство од работа за родителство од страна на татко и посвоител на дете;
• Продолжување на отсуството поради бременост, раѓање и родителство;
• Неплатено родителско отсуство;
• Надоместок на плата;
• ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

III. ОТСУСТВО ОД РАБОТА ПО ОСНОВ НА ГОДИШЕН ОДМОР

• Стекнување право на цел годишен одмор;
• Пропорционален дел од годишен одмор;
• Користење на годишен одмор и потврда за искористен годишен одмор;
• Надоместок за неискористен годишен одмор;
• Надоместок на плата за годишен одмор.
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

IV. ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ

• Работно време;
• Паузи и одмори како отсуство од работа;
• Евиденција на прекувремена работа.
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

V. ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

• Законска регулатива;
• Приватен сектор;
• Јавен сектор;
• Основи и услови за спроведување дисциплинска постапка   – кршење работен ред и дисциплина;
• Начин и претпоставки за спроведување дисциплинска постапка.
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.



Предавачи:

- Александар Гоџо,
предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, меѓу кои ICSID при Светската банка во Вашингтон и Европскиот суд за човекови права - ECHR. Член на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, ко-автор на Прирачник за правнички вештини, национален тутор на HELP-програмата на Советот на Европа. Активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството; и

- м-р Викторија Спасовска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 23.5.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје