1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
27.05.2019
Семинар
КАКО ДА СЕ ПОДИГНЕ ВАШАТА КОМПАНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО? МАПИРАЊЕ ПРОЦЕСИ, KPI, LEAN-SIX SIGMA
Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат, Македонија

Стопанската комора на Македонија, на 27 мај 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: КАКО ДА СЕ ПОДИГНЕ ВАШАТА КОМПАНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО?  МАПИРАЊЕ ПРОЦЕСИ, KPI, LEAN-SIX SIGMA.


Цел на семинарот

Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на успешно управување со компaнијата, преку употреба на современи алатки, техники и методологии, со чија правилна примена можеме: да го организираме и управуваме производството преку сите негови процеси и тоа преку зголемување на ефективноста и ефикасноста; оптимизацијата и организацијата на работните места, штедејќи ги човечките ресурси и  при тоа директно влијаејќи на зголемување на продуктивноста и намалување на повредата на работа; да се препознаат местата во прозиводството каде се додава вредноста на производот; да се воспостави и да се одржува ефикасна комуникација помеѓу производството со продажбата и набавката; да се оптимизира времето потребно за производство на  одреден производ преку оптимизација на ресурсите; да се изгради систем на континуирано подобрување со што секој вработен ќе придонесе за унапредување на начинот на работа на своето работно место, со тоа што истите ќе се да се мотивираат и ќе бидат активни чинители за воспоставување систем за континуирано подобрување.


За кого е наменет семинарот?


Семинарот е наменет за сите оние кои се вклучени во процесите на управување со компанијата, односно управители, директори (членови на топ и среден менаџмент) и сите вработени лица кои се вклучени во планирање/организирање и реализација на процесот на производство; контролинг на производството; дизајн и равој на производот (раководители на оперативна и техничка подготовка); менаџери на квалитет и сите останати лица кои ќе препознаат барем 20% од долунаведените ситуации во својата компанија, на кои овој семинар ќе им биде одлична прилика за да се научат предлог-решенија што веќе се докажани во пракса:
 - Неможност на раководните лица во секојдневните ситуации да донесуваат одлуки во согласност со своите овластувања, а при тоа да не се консултираат со менаџментот на компанијата;
 - Преклопување на исти одговорности на некои процеси;
 - Големи отстапувања во ефикасноста на работењето помеѓу работниците на исти позиции:
 - На некои работни места имате вработени кои се „незамнливи“;
 - Не постои континуирана едукација;
 - Постои работи кои се започнати, најчесто некои подобрувања, но никогаш не се завршени не се знае зашто;
 - Постоење на процеси за кои „никој не е одговорен“;
 - Не се знае колку се заработило на секој производ, туку се мери вкупниот приход и расход;
 - Грешки во работатата кои произлегуваат од усно пренесена информација;
 - Кога се анализираат проблемите се занимаваме со симптомите наместо со причинителите;
 - Голем број на вработени кои само критикуваат, а не даваат конструктивни предлози;
 - Прескокнување на линијата за хиерархиска комуникација;
 - Вработени кои не сакаат промени, манипулираат со менаџментот со полуинформации;
 - Не се знае кој е одговорен за некој процес – некои процеси се без одговорно лице;
 - Вработените мислат дека ако проследиле некое барање оти ја завршиле работата (да се нарача стока, а истата да не дојде на време па се обвинува набавката, наместо навремено да се проверува зошто доцни истата);
 - Вработените немаат навика да даваат повратни информации;
 - Не постојат јасни мерни точки (KPI) во процесите;
 - Чести промени на приоритетот на работните активности;
 - Во производството има застои;
 - Во производството се губи долго време кога се заменува алат или дел од машина;
 - Работниците го напуштаат своето работно место одејќи во магацин по репроматеријали;
 - Производството е скоро секогаш „во кризна ситуација“;
 - На работниците во производството скоро секогаш им недостасува алат;
 - Шкартот не се смалува иако се „преземаат мерки“;
 - Производните капацитети не се адекватно искористени иако производството секојдневно работи „100%“;
 - Состаноците траат предолго и на нив се расправа и за други теми кои не се предмет на состанокот;
 - Се` што не ни е јасно го прашувате директорот;
 - Никогаш немате време за обуки;
 - Репроматеријалите се задолжуваат во килограми, а се радолжуваат во метри;
 - Листите со залихи не се видливи и секогаш се прашува магационерот;
 - Барањето по магацин на некои материјали трае предолго;
 - Немање евиденција на неискористени материјали, а сигурно истото го има во магацинот;
 - Стоката не се резервира во лагер листата со работен налог, па секогаш се јавува  итна набавка;
 - Технолозите не ја пишуваат технологијата до крај, тоа вообичаено го прават работниците кои работат на машината;
 - Не постојат интерни стандарди за нормирање, постапки за работа, алати итн;
 - Грешки при пакувањето и испорачување на стоката (грешки при транспорт, неточни податоци, некомплетна документација итн.);
 - Монтажата доцни бидејќи не е понесен адекватен алат или материјал;
 - Продажбата-набавката-производството меѓусебно се оптужуваат доколку доцни стоката;
 - Процесот на воведување нови работници трае предолго;
 - Некои активности се вршат само некое време, а потоа вработените престануваат да ги спроведуваат (на пример, давање дневен извештај, одржување редовни состаноци и слични извештаи);
 - Повторување на грешките;
 - Не е воспоставена проценка и контрола над сите активности, па грешката се воочува на крајот или пак кај крајниот корисник;
 - Непостоење на јасни критериуми по кои се евалуира работата на секој вработен, па на крајот и добриот и помалку добриот имаат иста плата;
 - Описот на работните места не се поклопуваат 100% со активностите кои вработените реално ги извршуваат;
 - Процедурите по кои се работи не соодветствуваат со стварното функционирање;
 - Политика на „незамерување“ помеѓу вработените;
 - Постоење вработени по „заслуга“ кои ја загрозуваат дисциплината;
 - Непостоење потребно ниво на свест кај вработените за штедење на ресурсите;
 - Често непридржување на инструкциите за безбедно работење и користење лична заштитна опрема од страна на вработените.


Содржина  на семинарот:


1.МАПИРАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ И ПОСТАВУВАЊЕ НА KPI
1.1. Идентификација на процесот;
1.2 .Дефинирање на одговорно лице за процесот;
1.3. Дефинирање на протокот на информации во процесот;
1.4. Управување со текот на процесот;
1.5. Управување со ефективноста и ефикасноста на процесот;
2. ЕФЕКТИВНОСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО
2.1. Што е ефективност?
2.2. Како да се измери и унапреди ефективноста?
2.3. Six Sigma – поим, основи и алати;
2.4. Алатки на менаџментот за истражување на причинители за појава на грешки;
2.5. Статистички алатки за истражување на причинители за појава на грешки.
3. ЕФЕКТИВНОСТ (ПРОДУКТИВНОСТ) НА ПРОИЗВОДСТВОТО
3.1. Што е ефективност?
3.2. Како ја мериме ефективноста?
3.3. Што е растурање на ресурсите – WASTE;
3.4. LEAN - методологија – поим и основи;
3.5. LEAN Метрика – Алатки за LEAN - методологија и нивна примена;
4. ОПТИМИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА
4.1. 5S Методологија – средување на работните места;
4.2. Организирање на работните места – ергономија на работните места Poka Yoke -  решение;
4.3. Организација на работните места – визуелно управување со работните места.
5. СИСТЕМ НА ПОСТОЈАНИ ПОДОБРУВАЊА
5.1. Идентификација и следење на предлозите за подобрување;
5.2. Анализа на предлозите за подобрување;
5.3. Изградување на систем на наградување и подобрување;
5.4. Мерење на ефектите за подобрување.
 

Предавач:

- Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти  и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија итн. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

Рок за пријавување: 21.5.2018 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје