1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
29.05.2019
Семинар
ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА И ЕТИЧКИ ВРЕДНОСТИ
Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат, Македонија

Стопанската комора на Македонија, на 29 мај 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА И ЕТИЧКИ ВРЕДНОСТИ.
Еден од најважните аспекти на секоја организација е нејзината организациска култура и моменталната манифестација на истата како тековна организациска клима.
Најважно за културата е тоа што таа е клучната точка на посебност за секоја организација. Културата е поставена од раководството и од тоа како се однесуваат нејзините лидери, што велат тие и што е она што тие го вреднуваат, но се оживотворува преку однесувањата на вработените и порамнетоста на нивните со суштинските вредности на организацијата.
Вработените кои се посветени на својата организација чувствуваат силна поврзаност со неа и нејзината мисија, чувствуваат дека се прифатени и чувствуваат дека ги разбираат нејзините цели. Додадената вредност од ваквите вработени е дека тие се поефективни и поефикасни во својата работа, покажуваат повисока продуктивност и се повеќе проактивни во својата работа.
Цел на семинарот: 
Семинарот се фокусира на најважните елементи на организациската култура и динамиката на нејзиниот развој преку интеракциите на работните групи и тимови и водството на истите. Го опфаќа етичкиот кодекс на однесување помеѓу вработените како најважен документ за градење и промовирање на организациската посветеност на членовите на организацијата, како и принципите на формирање и функционирање на етичкиот одбор на организацијата.
За кого е наменет семинарот?
За сите вработени во приватниот и јавниот сектор.

ПРОГРАМА

 - Организациска култура и организациска клима;
 - Видови култура;
 - Идентификување на организациската култура;
 - Сложувалка – тимска вежба;
 - Групи и групна динамика;
 - Фази на групна динамика;
 - Ситуационо водство;
 - Етички кодекс;
 - Лична мисија и посветеност на организацијата;
 - Суштински и споделени вредности;
 - Подготовка на етички кодекс –симулација;
 - Етички одбор и негување на организациската култура;
 - Островот Раоул – вежба од организациска култура;
 - Формирање и функција на етичкиот одбор;
 - Затворање и евалвација на обуката.

Предавач: 

- Виш пред. м-р Горазд Смилевски е наставник по консултантство и претприемаштво во БАС, и еден од нејзините основачи. Има огромно искуство во подготовка, реализација и евалуација на обуки со ученици и наставници, како и богато консултантско искуство. Креатор беше на проектот Планирање на кариера, каде сите средношколци беа вклучени во проектот МОКУ - Бесплатно тестирање за професионално насочување и помош во избор на идната кариера. Тој е и идејниот творец на Бизнис лабораторијата и БАСТИОН кој повеќе години се реализира во БАС и е основа за градење на меките вештини и поврзувањето на теоријата со практиката. Посебен фокус во својата консултанска работа посветува на типологијата на личност според MBTI и користењето на истата во организациски контекст, како што се тимови и тимска работа, организациска култура, разрешување конфликти и градење силни компаниски тимови.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 24.5.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје