1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
29.05.2019
Семинар
НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА – СПОЈ НА МАРКЕТИНГ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА – СПОЈ НА МАРКЕТИНГ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.5.2019 година (среда)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Овој семинар ги обединува маркетингот и човечките ресурси во нов напреден концепт на холистичка комуникација со сите инволвирани страни, од кој неодвоив дел е таканаречениот интерен маркетинг. Наменет е за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси.
Функционирањето на компаниите е сложен процес. Тој опфаќа постојана размена на информации. Свесноста за важноста на овој комуникациски тек е една од важните компоненти за успехот на работењето на секоја компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и компанијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици.
На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од практикувањето на балансиран екстерен и интерен маркетинг насочен кон надворешната публика и вработените, за потребата од негово усогласување со екстерниот маркетинг, за моделите и функционалноста, како и планот (темплејт) за примена на стратегијата за интерен и екстерен маркетинг. Особено е важна оваа дисциплина во компаниите од областа на ИКТ-индустријата и останатите динамични индустрии. Ќе биде допрена и формата гејмификација како напреден модел на комуникација.
 
Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Зошто е потребно спојување на надворешните и внатрешните комуникации во еден систем?
- Кои се функционални алатки и модели на интерен и екстерен маркетинг?
- Во кој оддел припаѓа оваа дисциплина и кој точно ја работи?
- Медиуми за интерен маркетинг и екстерен маркетинг;
- Гејмификација како модел на комуницирање;
- Кампањи и проекти за интерен маркетинг и рекламен рекрутмент;
- Како се синхронизира интерниот маркетинг со екстерниот;
- Како да се води ефикасна интерна комуникација; 
- Како да реализирате успешен проток на документи;
- Зошто Стандардизацијата е неопходна за успешна комуникација; 
- Да дознаете дали е потребно да водите интерни обука и за што;
- Причини за мотивирање на вработени;
- Начини за мотивирање на вработени;
- Очекувани резултати од мотивирани вработени.
 
ПРОГРАМА:

- Разбирање на екстерниот маркетинг: функција, алатки и модели;
- Форми и елементи на интерен маркетинг;
- Усогласување на екстерен маркетинг и интерен маркетинг со внатрешната структура и систем;
- Усогласување на интерниот маркетинг со екстерниот маркетинг;
- Рекламирање за регрутирање;
- Гејмификација;
- Медиуми и таргетирање на внатрешна публика;
- Интерен маркетинг план;
- Инструментите кои овозможуваат подобра интерна директна комуникација;
- Поголема транспарантност сектор / човечки ресурси / спроведување на активностите;
- ИСО Стандардизација во човечките ресурси;
- Причини за мотивирање на вработените;
- Начини за мотивирање на вработените;
- Резултати од мотивирани вработени.

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат современи маркетинг комуникации:

- Подобрување на односот на компанијата со надворешната публика;
- Подобрување на имиџот на компанијата;
- Одлични комуникации со таргетираната јавност;
- Подобрување на статусот на префериран работодавач;
- Подобрување на продажните резултати;
- Зацврстување на позициите на пазарот;
- Синхронизирање на маркетинг комуникациите со останатите деловни процеси;
- Подобро планирање и контрола врз реализација на кампањите (внатрешни и надворешни);
- Среќни и лојални вработени;
- Стекнување со сигурност и самодоверба при интерната комуникација;
- Градење на одлични менаџери / транспарентни, одлучни, решителни;
- Стекнување со раководители со моќ на одлучување;
- Задржување на лидери со принципи;
- Формирање сектор на човечки ресурси / правилно раководење со истиот;
- Мотивација на вработени, начини, причини, резултати.


Предавачи:

-д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – Агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност.
На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група предмети од областа на комуникации на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на стартап и микростопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено-одговорна природа насочени кон категоријата загрозени деца од социјален и здравствен аспект. Најголема професионална амбиција и` е интеграцијата на социјалната одоворност со маркетинг комуникациите, додека на академско ниво е насочена кон мултидисциплинарни истражувања кои обединуваат маркетинг кон деца и дигитални медиуми;

- проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање на успешни проекти“. Своите докторски студии ги завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград, во 2012 година, на тема: „Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р Петрушевска, меѓу останатите предмети предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Односи со јавност итн. Нејзиниот експертски и менаџерски сегмент го започнува на „Скопски саем“ како организатор на домашни саемски манифестации, продолжува со организација на меѓународни саемски манифестации во земјата, како и организирање учество на домашните компании на меѓународни саемски манифестации. Кариерата на „Скопски саем“ ја завршува како генерален директор, со многубројни признанија од областа на комуникациите, продажба и внатре компаниските односи.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 23.5.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје