1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
30.05.2019
Семинар
ПРАВЕН АСПЕКТ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА – ПРАВА, ОБВРСКИ И ВИДОВИ ДОКАЗИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар на тема:

ПРАВЕН АСПЕКТ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА – ПРАВА, ОБВРСКИ И ВИДОВИ ДОКАЗИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА

30.5.2019 година (четврток)
10:00-14:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, согласно видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право.
Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување.
На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување.

ПРОГРАМА

• Договор за превоз:  
 - Карактеристики;  
 - Обем на права и обврски; 
 - Основи за одговорност; 
 - Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка. 

• Договор за шпедиција: 
 - Карактеристики; 
 - Обем на права и обврски; 
 - Основи за одговорност; 
 - Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка.

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби на друштвата, адвокатите и законските застапници.

Предавач:

Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 
- работен материјал; 
- ручек и освежување;  
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 27 мај 2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје