1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
17.05.2019
Семинар
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВРЗ ОСНОВА НА ПОДОБНИ ИЗВРШНИ ИСПРАВИ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар на тема:

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВРЗ ОСНОВА НА ПОДОБНИ ИЗВРШНИ ИСПРАВИ

17.5.2019 година
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


          Стопанската комора на Македонија, на 17 мај 2019 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од  Законот за облигациони односи, Законот за нотаријат и Законот за извршување, кои се однесуваат на извршните исправи и предвидените постапки врз основа на кои правните субјекти кои се во меѓусебни облигациони односи ги остваруваат своите побарувања. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и практичен дел поврзан со дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во постапката за извршување и во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки.

          Ќе биде опфатена и анализирана  постапката за извршување од која произлегуваат и судски постапки и граѓански спорови поврзани со извршувањето или подобноста на извршните исправи, постапката пред нотарите, нотарските акти со извршни клаузули, судски постапки и спорови поврзани со нотарските исправи, спорните  прашања во судската практика  во врска со подобноста на нотарските извршни исправи, подобноста за извршување на правосилните и извршни судски одлуки, постапки во врска со укинување на клаузулите за правосилност и извршност и  привремени мерки поврзани со темата.

ПРОГРАМА

- Поим и видови на извршни исправи;
- Нотарски извршни исправи;
- Постапка на извршување и судски спорови кои произлегуваат од истата;
- Подобност на нотарските извршни исправи и на правосилни и извршни судски одлуки;
- Судски постапки поврзани со подобноста на извршните исправи;
- Укинување на клаузули на правосилност и извршност;
- Привремени мерки поврзани со реализација на извршните исправи;
- Спорни правни прашања и примери од судската практика.

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби, на правните лица, адвокатите, законските застапници, нотарите и извршителите.

Предавачи:

- Љубица Колиќ судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје;
- Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 -   Скопје

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 14 мај 2019 година.  


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје