1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
04.06.2019 - 05.06.2019
Конференција
Конференција и деловни средби „FUTURE OF BUILDING“- Виена, Австрија
Виена, Австрија

Конференција и меѓународни деловни средби
„FUTURE OF BUILDING“ 
(„ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“)
https://buildings2019.b2match.io/home

         4-5 јуни 2019 година, Виена, Австрија

Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 4-5 јуни 2019 година, во Виена, Австрија.
 
Учесниците на Конференцијата ќе имаат единствена можност, преку различни предавања, панел-дискусии, работилници и други активности да се запознаат со најновите технологии за иновативни решенија и идни трендови во следниве области на градежништвото:

- модерно урбанистичко планирање (Smart City-Виена);
- интелигентни згради;
- нови градежни методи и роботика;
- нови градежни материјали / компоненти и склопови;
- енергетска ефикасност (нула, плус, пасивни куќи);
- одржлива и зелена зграда;
- градежна конструкција;
- природни материјали со нулта емисија;
- патишта и тунели, сообраќајна инфраструктура;
- интелигентна и домашна автоматизација;
- дигитализација BIM и VR;
- модерно реновирање на градот;
- социјално и достапно домување.

Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористите можноста да остварите директни средби со над повеќе од 60 австриски фирми и 300 интернационални фирми, поврзување со повеќе од 600 учесници од 50 земји и организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни објекти во Виена.

Во прилог се програмата и дополнителни информации за настанот, а следниот линк ве води директно на веб-страната на настанот каде можете електронски да се регистрирате: https://buildings2019.b2match.io/home, почнувајќи од 18.3.2019 до 2.6.2019 година.
 
Успешното пријавување на деловните средби со австриски фирми е предуслов за учество на овој настан.
 
Учеството на Конференцијата е бесплатно, а учеството може да се откаже во рок од 14 дена, но доколку се откаже учеството во пократок временски рок од 14 дена, ќе биде наплатена сума од 100 евра со ДДВ по учесник. Трошоците за патување и сместување во Виена се на товар на компаниите и на учесниците.


Агенда на настанот Останати документи Пријави се електронски

Контакт лице:
Ирена Мојсовска
Телефон: ++ 389 2 3244009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје