ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
12.03.2019
Семинар
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ
Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат, Македонија

  
             Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 12 март 2019 година и истите се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки.

             Целта на семинарот:

              Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање  државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение.
            Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.

ПРОГРАМА


ВАЖНИТЕ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ:
 - Поголема предвидливост на пазарот и пристап на сите економски оператор до годишните планови на јавни набавки (Е-ПЛАН);
 - Поедноставни постапки и правила за понудувачите;
 - Технички дијалог со понудувачите за изработка на квалитетна техничка спецификација и прибирање податоци за понудата на пазарот;
 - Услови за исклучување и услови за квалитативен избор на понудувачите;
 - Отворање на пазарот за поголемо учество на малите и средните претпријатија;
 - Нови правила при групно поднесување и поголема заштита на подизведувачите;
 - Критериум економски најповолна понуда, поголем квалитет на стоките и услугите наспроти најевтина понуда (цена/трошоци за животен век/квалитет);
 - Опционални е-аукции;
 - Единствен документ за јавни набавки, намалување на трошоците и аминистративното оптоварување на понудувачите за повеќе од 80%;
 - Намалување на времетраењето на негативните референци;
 - Потполна информираност и автоматизација на процесот на јавно отворање (инфо за група понудувачи, подизведувачи, детали за понудената стока/услуга/работа), увид во целокупната документација на понудувачите и е-жалба;
 - Управна контрола;
 - Намалување на надоместокот за жалба за повеќе од половина;
 - Поголема правна сигурност во постапките.

Предавачи на семинарот ќе бидат директно изготвувачите на новиот Закон за јавни набавки, со кои ќе имате непосредна можност да разговарате за новините и толкувањата на одредбите. Предавачите се воедно експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија:
o Марија Јованоска;
o Горан Давидовски.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.


Поради голема заинтересиранотст и ограничен број на места,  Ве молиме Вашата пријава да ја доставите најдоцна до 7  март 2019 година.
 


 


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје