Академија / 15.03.2019 - 30.03.2019

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Стопанска комора на Македонија,


   

* ДАЛИ ОБУКИТЕ КОИ СТЕ ГИ ПОСЕТУВАЛЕ ВИ ПОНУДИЛЕ ФАКТИЧКО МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ПРЕД И ПОТОА?
* ДАЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОНСУЛТАНТ ДОСТАПЕН КОГА ВИЕ ИМАТЕ РЕАЛНА ПОТРЕБА НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО?
* ДАЛИ ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД 50 ГОДИНИ И НОСИ РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТЕ И КАЈ КОМПАНИИТЕ, МОЖЕ ДА ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РАЗВОЈ?

Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди сето она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот.

 

Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентацијата ќе ја реализира лиценциран „Густав Кезер“ тренер, консултант кој ќе биде достапен во текот на работното време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба.

Методологијата по која се реализираат „Густав Кезер“ - тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10.000 најголеми европски и светски компании.

Како резултат на сето ова, во нашата програма е опфатена комбинација на техники, став (нашето однесување) и влијание (на другите луѓе), со што се овозможува да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап спрема работата и обврските, со влијанието, кое како поединци го остваруваме во нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните луѓе од останатите и кои се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе донесе најдобри резултати.

Графички приказ на реализацијата на обуката

Промената на ставот и начинот на однесување бара време, па од таа причина „Густав Кезер“ - тренинзите се организираат во интервали. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со секој следен ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет има фактички постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа.

„Gustav Kaser Training International“ е компанија основана во Цирих, Швајцарија, во 1963 година. Денес, тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи што ги организира на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдуваат повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас.

Лиценциран „Густав Кезер“ тренер на Програмата е Љупчо Георгиев, со 25-годишно искуство во областа на продажбата и врвниот менаџмент.

Обуката ќе се одвива во Стопанската комора на Македонија .

Уписите за обуката во март 2019 година се во тек.

ЦЕНАТА ОД 23.600 ДЕНАРИ ВКЛУЧУВА:

• 5 тренинг-дена;
• материјали за работа, мемориски картички и дополнителна литература;
• консултантски услуги во текот на целата обука во  траење од 6-8 месеци;
• сертификат;
• допонителен , 1 контролен ден.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Валентина Цветковска
++ 389 2 3244063


Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 07.02.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ (PERFORMANCE MANAGEMENT SYSTEM)
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Јавна дебата, 13.02.2020
Годишно истражување на извршните директори во Северна Македонија
Семинар, 17.02.2020
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОВРЕДИ НА ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција