Семинар / 26.02.2019

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

26 февруари 2019 година
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


                    Ергономијата е во тесна врска со безбедноста и здравјето при работа, која пак, се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола на опасностите кои се јавуваат во или од работното место. Ергономијата ги опфаќа биолошката антропологија, генетиката, анатомијата, физиологијата, биомеханиката, дизајнот и уште ред други науки и низа научни дисциплини. Како толку опширна и богата наука, многу е тешко за неа да се даде едноставна дефиниција. Сепак, може да се каже дека сите знаења и информации од наведените науки и научни дисциплини ги користи при креирањето работни системи, со кои се овозможува намалување на професионалните болести, заболувања, повреди, а воедно зголемување на безбедноста и олеснуваање на работењето. Сето тоа е во насока на постигнување ефикасно и ефективно искористување на човечкиот труд. Како таква наука, има огромно позитивно влијание врз задоволството на работниците, нивното психофизичко здравје и нивната благосостојба. Докажано е дека само таквите работници можат да постигнат најдобри резултати при работењето.
          Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, како и запознавање со методологиите кои ергономијата ги нуди, со што се помага во одржување на здрава и безбедна средина, Стопанската комора на Македонија, на 26 февруари 2019 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: „ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ“.

Цел на семинарот:

          Целта на семинарот е стекнување со особено важни познавања од областа на ергономијата кои се во насока на зголемување на безбедноста и здравјето при работа, како и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР. Со анализа на проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, како и со анализа на моменталната состојба при имплементацијата на ергономските принципи, ќе се развие модул кој ќе го олесни процесот на спроведување на ергономските правила при креирањето на работните системи, во насока на подобрување на безбедноста и здравјето на работниците и намалување или целосно елиминирање на потенцијалните опасности.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ?

          Семинарот е наменет за менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите; за раководители и стручни лица за БЗР, вработени од сите нивоа во сектор за човечки ресурси, правен сектор, финансии, производство, како и за сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

ПРОГРАМА:


I дел:
- Вовед во ергономијата и нејзината врска со безбедност и здравије при работа;
- Ергономски принципи (когнитивни и физички).

Предавач: проф. д-р Јасмина Чалоска, Машински факултет, стручно лице за безбедност при работа.

II дел:
- Ергономија во современите канцеларии (компјутерски работни места);
- Останати специфични работни места.

Предавач: м-р Билјана Матевска, докторанд по ергономија.

III дел:
- Антропометријата, кинезиологијата, биомеханиката и психомоториката во улога на ергономијата;
- Физички вежби за истегнување.

Предавач:  проф. д-р Серјожа Гонтарев, професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.


          Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 20 февруари 2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 07.02.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ (PERFORMANCE MANAGEMENT SYSTEM)
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Јавна дебата, 13.02.2020
Годишно истражување на извршните директори во Северна Македонија
Семинар, 17.02.2020
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОВРЕДИ НА ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција