Семинар / 28.02.2019

ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар на тема:

ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

28 февруари 2019 година (четврток)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Стопанската комора на Македонија, на 28 февруари 2019 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата врзани за  затворањето на побарувања од должничко доверителски односи согласно Законот за облигационите односи со посебен акцент на исполнувањето, компензацијата, отпуштањето долг, новацијата, застареноста, цесијата, засметувањето на исполнување и запознавање со поимот на договорот за факторинг кој не е посебно регулиран се’ низ призмата на судските постапки.

          Предмет на разгледување ќе бидат особено општите услови на исполнувањето, задоцнувањето на доверителот и должникот, компензацијата, отпуштањето на долг, новацијата, соединувањето, невозможноста за исполнување, истекот на време и отказот, застареноста од сите аспекти, пресметување на исполнувањето и цесијата според предвиденото во Законот за облигациони односи (ЗОО).

          Ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на доверителот и должникот, нивната позиција во споровите од трговското право.

          Паралелно за секој институт ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба.

          Договорот за факторинг се појавува во судската пракса иако не е материјално-правно регулиран ниту со ЗОО ниту со посебен договор. Со него ќе се запознаеме токму низ судските предмети.

          На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на ЗОО и ќе се дадат можни солуции - решенија за нивно надминување.

ПРОГРАМА


- Општи услови и претпоставки за исполнување/затворање на побарувањата од ДДО, задоцнување   на должникот и на доверителот, полагање и продажба на предмет, пребивање – компензација;

- Отпуштање на долг, новација, соединување - конфузија, неможност за исполнување, истек на   време и отказ, застареност, договор за цесија, засметување на извршувањето;

- Факторинг - поим и видови, процедурална позиција во постапката.


Целна група:
Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата, адвокатите и за законските застапници кај правните лица.

Предавач:
- Маринела Јакасановска
судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 -  Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата са судии и јавни обвинители.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- закуска и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 25.02.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 07.02.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ (PERFORMANCE MANAGEMENT SYSTEM)
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Јавна дебата, 13.02.2020
Годишно истражување на извршните директори во Северна Македонија
Семинар, 17.02.2020
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОВРЕДИ НА ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција