1032 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
01.04.2019 - 04.04.2019
Бизнис средби
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА
Хановер, Германија

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ви овозможува да дојдете до контакти со странски  деловни партнери

 

Бизнис средби на Саемот во Хановер, од 1-4 април 2019  година

За време на одржувањето на Саемот во Хановер, СР Германија, ќе се одржат Денови на деловна и технолошка соработка, од 1 до 4 април 2019 година.


Целта на организацијата на
Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија е да го зголемите Вашиот бизнис со европски проекти за истражување и развој.


Овој меѓународен брокерски настан е место каде што иновативните компании за дигитална економија и истражувачките институции можат да најдат партнери за технолошки и истражувачки кооперации или деловни партнерства на однапред организирани средби.


Главниот фокус на настанот е:
- индустрија
4.0 и Smart Factory решенија;
- енергетски ефикасни технологии за производство;
- одржлива енергија и мобилност;
- алатки за мерење.


Редовната цена е 119 евра, а Бесплатно за компаниите кои ќе се регистрираат до 1 март 2019 година. Регистрацијата за состаноците е можна до 17 март 2019 година, а до 24 март 2019 година може да се потврдат барањата за средба.

Искористете ја Вашата шанса да иновирате! Стекнете нови можности и конкурентни предности преку истражување и развој и технолошка и деловна соработка.

 
Зошто да учествувате?

-Покажете ги Вашите најповолни проекти, производи или знаење;
-запознајте потенцијални деловни партнери на претходно закажани директни состаноци;
-иницирајте меѓународни контакти и соработка;
-најдете нови партнери;

-добијте најнови информации за резултатите од истражувањата поврзани со индустријата;
-запознајте се и споделете мислења со истражувачите;
-имајте лесен пристап до претпријатија и научници!


Повеќе информации на: www.b2fair.com/hannovermesse2019 


Останати документи Пријави се електронски

Контакт лице:
Лазо Ангелевски
Телефон: ++ 389 2 3244090, M. 070 271 731
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: laze@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје