Работилница / 18.02.2019

Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат


   

Еднодневна работилница на тема:

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ПРЕКУ ПРАВИЛНО УТВРДУВАЊЕ  И УРЕДНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРНИТЕ ОБВРСКИ ВО ДОМАШНИОТ И ВО НАДВОРЕШНИОТ ПРОМЕТ

25.02.2019 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 25 февруари 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет“. Правната сигурност во голема мера зависи од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети навремено и комплетно. За да биде тоа возможно, секогаш е од исклучително значење добро да се спроведе целата постапка на договарање: од понуда и преговори, па сé до конечно склучување писмен договор.
Оттука, цел на работилницата е да се подготват слушателите како на најсоодветен начин правно да се заштитат преку добро формулирање, концепирање и склучување  договор кој ги штити интересите на договорните страни, преку осврт на специфични законски одредби и правилно и прецизно утврдување на заемните права и обврски, обезбедување договорни гаранции, предвидување на сите можни сценарија. Дополнително, работилницата ќе цели и кон запознавање со механизмите кои овозможуваат разрешување на правни спорови по основ на договор кој веќе постои, како во домашниот така и во надворешниот промет.
При тоа, детално ќе бидат објаснати сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на договори, судска пракса, искуства од областа на алтернативното решавање на спорови, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на процесот на правна заштита во договорен однос.

ПРОГРАМА

I. ДОГОВОРНИ ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПОЧИТУВАЊЕ НА НАЧЕЛАТА НА ОБЛИГАЦИОНОТО ПРАВО
- Слобода на уредувањето на облигационите односи;
- Рамноправност на учесниците во облигациониот однос;
- Начело на совесност и чесност;
- Забрана на злоупотреба на право;
- Забрана на создавање и искористување на монополска положба;
- Еднаква вредност на давањето;
- Забрана на предизвикување на штета;
- Должност за исполнување обврски.

а. Однесување во извршувањето на обврските и во остварувањето на правата -  
    степени на внимание;
б. Практични примери.

II. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
- Согласност на волји;
- Дозвола и одобрение;
- Преговори и како тие да се искористат за склучување ефикасен и целисходен 
  договор;
- Време и место на склучување на договорот;
- Понуда;
- Преддоговор;
- Елементи на договорот;
- Предмет;
- Основа;
- Способност;
- Мани на волја;
- Форма на договорот.

III. ФОРМУЛИРАЊЕ, КОНЦЕПИРАЊЕ И СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОР 
   КОЈ ГИ ШТИТИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ 
   ПРЕКУ ОСВРТ НА СПЕЦИФИЧНИ ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ И 
   ПРАВИЛНО И ПРЕЦИЗНО УТВРДУВАЊЕ НА ЗАЕМНИТЕ ПРАВА И 
   
ОБВРСКИ
- Толкување на договорот;
- Примена на одредбите и толкување на спорните одредби;
- Нејасни одредби во посебни случаи;
- Дополнително правило;
- Вонсудско толкување на договорот;
- Неважност на договорот;
- Ништовност;
- Рушливост;
- Практични примери.

IV. РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРНИ 
     
ОДНОСИ
- Алтернативни начини на решавање на спорови кои произлегуваат од 
  договорни односи;
- Судско решавање на спорови кои произлегуваат од договорни односи;
- Исполнување на договор склучен со странски субјект;
- Практични примери.

Предавачи:

- Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, меѓу кои ICSID при Светската банка во Вашингтон и Европскиот суд за човекови права - ECHR. Член на Постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, ко-автор на Прирачник за правнички вештини, национален тутор на HELP-програмата на Советот на Европа. Активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството;

- Викторија Спасовска, правник во Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
-сертификат за присуство на работилницата.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 20.02.2019 година.

 

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 07.02.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ (PERFORMANCE MANAGEMENT SYSTEM)
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Јавна дебата, 13.02.2020
Годишно истражување на извршните директори во Северна Македонија
Семинар, 17.02.2020
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОВРЕДИ НА ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција