Семинар / 22.02.2019

Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат


   

Еднодневен семинар:

СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА

- ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА  И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

22.02.2019  година
10:00 - 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 
Секој вработен поседува знаење, сила, креативност и потенцијал. Овие содржини може да се искористат само ако вработениот е доволно мотивиран. Доколку организацијата има систем и менаџери кои можат да ги мотивираат луѓето во неа ќе се случуваат неверојатни работи и ќе има огромен успех. Мотивираните вработени се подготвени да вложат многу труд, многу енергија, многу посветеност, многу креативност и упорност за да ја постигнат поставената цел. Функционирањето на организацијата е сложен процес, кој опфаќа постојана размена на информации внатре во компанијата заради успешно работење. Свесноста за важноста на овој комуникациски тек е една од важните компоненти за успехот на работењето на компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, процесите ќе бидат не ефикасни, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и организацијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици.Лидерството и менаџментот во својата најсуштинска форма се состојат во постојана комуникација со вработените. Раководителите даваат задачи, ги контролираат, ги корегираат и мотивираат вработените, во исто време тие примаат известувања врз основа на кои носат одлуки и кругот продолжува од почеток. Сите овие комуникации мора да бидат брзи, прецизни, точни и во вистинско време. Од внатрешната комуникација зависи успехот на организацијата. Честопати ниту раководителите ниту вработените обрнуваат доволно внимание на овој аспект со што создаваат простор функционирањето на организацијата да биде далеку под капацитетите со кои располага организацијата.

 Семинарот ќе ви помогне:

- да ги дознаете инструментите кои овозможуваат подобра интерна директна 
  комуникација;
- да се разберат условите кои овозможуваат поголема транспарентност во 
  комуникацијата;
- да разберете зашто треба да се напушти принципот на колективна и да се 
  профати индивидуална одговорност;
- да ги пронајдете принципите на индивидуално-лично-преземање активности и 
  носење со одговорностите заради надминување на слабостите;
- да дознаете зошто е потребен сектор за човечки ресурси и како истиот да ја 
  завршува активноста на вистински начин;
- да дознаете како да се води ефикасна интерна комуникација;
- да дознаете како да ги прифатите и да ги надминете недоследностите;
- да дознаете како да реализирате успешен проток на документи;
- да разберете зошто ИСО Стандардизацијата е неопходна за успешна 
  комуникација; 
- да дознате како да креирате опис и попис на работни места и за што се 
  потребни;
- да дознаете дали е потребно да водите интерни обуки и за што;
- да дознаете кои се причините за мотивирање на вработените;
- да дознаете кои се начините за мотивирање на вработените;
- да дознаете за очекуваните резултати од мотивираните вработени.

Програма:

- Инструментите кои овозможуваат подобра интерна директна комуникација;
- Поголема транспарeнтност;
- Колективна наспроти индивидуална одговорност;
- Пронаоѓање на принципите на индивидуално-лично-преземање активности  
  вклучувајќи одговорност;
- Одговорностите како инструмент за надминување на слабостите;
- Сектор за човечки ресурси - спроведување на активностите;
- ИСО Стандардизација во човечките ресурси;
- Опис и попис на работни места;
- Причини за мотивирање на вработените;
- Начини за мотивирање на вработените;
- Резултати од мотивирани вработени.

 Придобивки на компаниите:

- Стекнување со сигурност и самодоверба при интерната комуникација;
- Градење на одличен менаџер - транспарентен, одлучен, решителен; 
- Раководители со моќ на одлучување;
- Задржување на лидери со принципи;
- Формирање сектор за човечки ресурси  и правилно раководење со истиот;
- Создавање лојални вработени;
- Мотивација на вработени, начини, причини, резултати;
- Мотивирани вработени и нивните капацитети.

Предавач:
-проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање успешни проекти“. Своите докторски студии ги завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград, во 2012 година, на тема: „Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р  Петрушевска, меѓу останатите предмети, предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Односи со јавност итн.
Нејзиниот експертски и менаџерски сегмент го започнува на Скопски саем како организатор на домашни самски манифестации, продолжува со организација на меѓународни самески манифестации во земјата, како и организирање учество на домашните компании на меѓународни саемски манифестации. Кариерата на Скопски саем ја завршува како генерален директор, со многубројни признанија од областа на комуникациите, продажба и внатрекомпаниски односи. 
Специјализации: изготвување и спроведување на годишен план, согласно развојната концепција на компанијата, изготвување и спроведување на одделни  стратешки планови по профитни центри, изготвување предлог-маркетинг концепција за унапредување на продажбата, изготвување стратегија за подигнување на задоволството на купувачите, изготвување правилник за следење на промотивните активности и тактиките на маркетинг промовирање, изготвување интерни акти за употреба на техниките на продажба и промоција.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 18.02.2019 година.

 

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 07.02.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ (PERFORMANCE MANAGEMENT SYSTEM)
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Јавна дебата, 13.02.2020
Годишно истражување на извршните директори во Северна Македонија
Семинар, 17.02.2020
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОВРЕДИ НА ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција