1032 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
08.03.2019
Бизнис средби
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија
Диселдорф, Германија

ПОКАНА  
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија
„Startup-Woche“ 

https://www.startupwoche-dus.de/en

11 април 2019 година, Диселдорф, СР Германија


Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Германија (Северна Рајна Вестфалија во западна Германија), преку Европската мрежа на претприемачи - ЕЕН, ве покануваат да учествувате на Mеѓународните деловни средби на стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Германија „Startup-Woche“, што ќе се одржат на 11 април 2019 година во Диселдорф, СР Германија.
 
Пазарите на Источна Европа се развиваат брзо и се сметаат за најбрзо растечки економии во Европа. Овие економии дефинитивно имаат што да понудат, но и да научат од високо развиените европски земји преку техники и начини за водење бизнис, деловни стилови за преговорање и договарање, трансфер на технологии и знаење. Ниските трошоци на работна сила,  човечките ресурси со добри квалификации, географската близина, се битни фактори што земјите од Источна Европа можат да ги понудат на западноевропските развиени земји.

На настанот ќе присуствуваат голем број источноевропски стартап компании, мали и средни компании кои ќе ги споделат своите бизнис планови, идеи, можности и проекти. Тие ќе работат во групи со ментори за да најдат соодветни решенија за одредени  прашања, кои потоа ќе бидат презентирани пред посетителите. Ова ќе биде проследено со неформални деловни средби, кои ќе бидат почеток за воспоставување нови партнерства.
 
Учесниците на овие деловни средби ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во повеќе области: енергија, мобилност, здравје и паметни градови.
 
Исто така, на присутните ќе им бидат понудени голем број различни настани во периодот од 5-12 април 2019 година преку работилници, разговори и семинари.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме, испратете електронска порака, со профил на вашата компанија на англиски јазик, на следнава е-адреса: gregor.stolarczyk@nrw-international.de, најдоцна до 28.02.2019 година.

Краен рок за избор и потврда за учество е 8.3.2019 година.
 
Учеството е бесплатно, трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците.
 
Место на одржување на настанот: Schloß Mickeln, Alt-Himmelgeist 25, 40589 Düsseldorf.

Целата програма на настанот ќе биде  објавена на 18.02.2019 година на следниот линк: https://www.startupwoche-dus.de/en

Сместување:
- учесниците имаат можност да резервираат хотелски соби директно во Schloß Mickeln, каде што ќе се одржи настанот.
Телефон: 0049 211 60187020
Е-адреса: schloss.mickeln@uni-duesseldorf.de

Еднокреветна соба: 100,00 евра со вклучен појадок.
Двокреветна соба: 125,00 евра со вклучен појадок.

 

Контакт:

Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244 009
E-адреса: irena@mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија

 

Gregor Stolarczyk
Project Manager
NRW.Europa (Partner in Enterprise Europe Network)

NRW.International GmbH
Außenwirtschaftsförderung Nordrhein-Westfalen
Völklinger Str. 4
40219 Düsseldorf

Teлефон: 0049 211 710 671 232
Мобилен: 0049 162 2405 773
Факс: 0049 211 710 671 20
E-адреса: gregor.stolarczyk@nrw-international.de
Веб-сајт: www.nrw-international.de
Facebook: www.facebook.com/NRW.International


Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лице:
Ирена Мојсовска
Телефон: ++ 389 2 3244009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје