1032 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
21.02.2019
Семинар
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

 
Eднодневен семинар на тема:
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21 февруари 2019 година
10:00- 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат


         Со стапување на сила на  Новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 21 февруари 2019 година и истиот се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки.

Целта на семинарот:

          Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање  државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение.
          Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.

ПРОГРАМА


ВАЖНИТЕ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ:
- Поголема предвидливост на пазарот и пристап на сите економски оператор до годишните планови на јавни набавки (Е-ПЛАН);
- Поедноставни постапки и правила за понудувачите;
- Технички дијалог со понудувачите за изработка на квалитетна техничка спецификација и прибирање податоци за понудата на пазарот;
- Услови за исклучување и услови за квалитативен избор на понудувачите;
- Отворање на пазарот за поголемо учество на малите и средните претпријатија;
- Нови правила при групно поднесување и поголема заштита на подизведувачите;
- Критериум економски најповолна понуда, поголем квалитет на стоките и услугите наспроти најевтина понуда (цена/трошоци за животен век/квалитет);
- Опционални е-аукции;
- Единствен документ за јавни набавки, намалување на трошоците и аминистративното оптоварување на понудувачите за повеќе од 80%;
- Намалување на времетраењето на негативните референци;
- Потполна информираност и автоматизација на процесот на јавно отворање (инфо за група понудувачи, подизведувачи, детали за понудената стока/услуга/работа), увид во целокупната документација на понудувачите и е-жалба;
- Управна контрола;
- Намалување на надоместокот за жалба за повеќе од половина;
- Поголема правна сигурност во постапките.


          Предавачи на семинарите ќе бидат директно изготвувачите на новиот Закон за јавни набавки, со кои ќе имате непосредна можност да разговарате за новините и толкувањата на одредбите. Предавачите се воедно експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија: 
  • Рита Глигоријевска; 
 
Марија Јованоска;
 
Александар Аргировски и 
 
Горан Давидовски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Поради голема заинтересиранотст и ограничен број на места,  Ве молиме Вашите пријави да ги доставите најдоцна до 15 февруари 2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје