1032 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
22.02.2019
Тренинг обука
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА
Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат, Македонија

Еднодневна обука на тема:

ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

27.02.2019 година (среда)
10:00 - 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


Ефикасната комуникација е важна за развојот на една организација. Преку комуникацијата се извршуваат основните и комплексните работни задачи и менаџерски функции. Комуникациските вештини, без разлика дали се вербални или невербални, претставуваат основа за секоја деловна активност.
Комуникацијата служи како основа за секој аспект на бизнисот, па токму затоа секојдневното подобрување на организациското комуницирање може да донесе многу придобивки за организациите:
• Комуникацијата влијае на мотивацијата на вработените;
• Комуникацијата претставува извор на информации и помага во процесот на донесување одлуки;
• Комуникацијата помага во градење на ставот кај вработените;
• Комуникацијата влијае на интерперсоналните односи меѓу вработените;
• Комуникацијата помага во процесот на контролирање и сл.

Со учеството на оваа обука, ќе придонесете кон развој на сопствените комуникациски вештини преку кои ќе влијаете на подобрување на организациското комуницирање во организациите каде што работите. Обуката нуди интерактивност и динамичност во изведбата што ќе овозможи директно да се влијае врз развојот на комуникациските вештини.

Целна група

Обуката е наменета за менаџери од различни хиерархиски нивоа (од топ до линиски менаџмент), за вработени кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини, за професионалци од менаџментот на човечки ресурси кои сакаат преку вработените да го подобрат организациското комуницирање, како и за сите останати интересенти кои ја разбираат важноста од вложувањето во развојот на комуникациските вештини.

ПРОГРАМА


Модел на организациско комуницирање:


• Модел и процес на организациско комуницирање;
• Пренесување на информации;
• Пречки во организациското комуницирање.

Комуникациски мрежи:

• Насоки на комуницирање;
• Јаки и слаби страни;
• Организациска, секторска и меѓусекторска комуникациска мрежа.

Деловни комуникациски вештини:

• Моќта на вербалната комуникација и активното слушање;
• Давање и примање повратна информација.

Комуницирање во конфликтни ситуации:

• Стратегии за комуницирање во конфликтни ситуации;
• Моќта на невербалната комуникација.

Евалуација на обуката - усна и писмена.

Предавач:

- проф. д-р Даниела Карадаков, директор на БАС Високата школа и професор во наставната област Менаџмент на човечки ресурси. Обучувачот својата експертиза ја развива и ја споделува во областа на менаџмент на човечки ресурси, менаџмент во образование, личен менаџмент, организациско комуницирање, интерперсонални деловни вештини, организациско учење и сл. Таа истовремено е и обучувач и консултант во „ДЕТРА“ Центар - Скопје, каде извршува обучувачки и консултантски услуги во наведените области. Научните достигнувања ги гради и како доцент, односно како научен соработник во БАС Институтот за менаџмент во Битола. Посветена е на научни истражувања во областа чии резултати ги објавува на научни и стручни собири, како и во научни списанија со импакт фактор.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 22.02.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје