ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
03.03.2019 - 07.03.2019
Советување
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО
Рим,Р.Италија, Италија


Советување на тема:

ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

3-7 март 2019 година
 Рим, Р. Италија

 Стопанската комора на Македонија, од 3-7 март 2019 година, Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: „ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО“, што ќе се одржи во Рим, Р. Италија.

ПРОГРАМА:

• Тимови и тимска работа;
• Филозофија на успехот;
• Индивидуални капацитети и тимски успех;
• Искршени квадрати - вежба за тимска работа;
• Формирање комплементарни тимови;
• Идентификување на личниот стил на водство;
• Елементи и правила на тимска работа;
• Водство во тимската работа;
• Лична мисија;
• Самодијагноза на личниот пистап кон работата;
• Формирање на комплементарни тимови;
• Комуникација во тимот;
• Принципи на тимска комуникација;
• Сложувалка – вежба за тимска работа;
• Затворање и евалвација на советувањето.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТО СОВЕТУВАЊЕТО?
Советувањето е наменето за вработени во јавниот и во реалниот сектор и тоа за раководители и вработени во сите сектори во организациите и институциите (во човечки ресурси и правна служба, финансии, производство и продажба, заштита при работа, техничка служба, како и останатите вработени кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

Предавач:
     - Виш предавач м-р Горазд Смилевски, наставник по консултантство и претприемништво во високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент и еден од нејзините основачи. Има огромно искуство во подготовка, реализација и евалуација на обуки со ученици и наставници, како и богато консултантско искуство. Креатор беше на Проектот „Планирање на кариера“, каде сите средношколци беа вклучени во проектот МОКУ - Бесплатно тестирање за професионално насочување и помош во избор на идната кариера. Тој е и идејниот творец на Бизнис лабораторијата и БАСТИОН што повеќе години се реализира во БАС и е основа за градење на меките вештини и поврзувањето на теоријата со практиката. Посебен фокус во својата консултанска работа посветува на типологијата на личност според MBTI и користењето на истата во организациски контекст, како што се тимови и тимска работа, организациска култура, разрешување конфликти и градење силни компаниски тимови.  

АРАНЖМАН
Сместување и авионски превоз
- Цената за сместување во хотел со 3 * во Рим на база 4 ноќевања со доручек во двокреветна соба, по учесник, изнесува 32.200 денари. За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 7.450 денари за сите денови.
- авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје (тргнување на 3 март 2019  година, во 13:20 часот од Меѓународниот аеродром во Скопје и враќање  на 7 март 2019 година во 15:35 часот од Аеродромот „Чампино“ во Рим;
- транфер во Рим од аеродром до хотел и од хотел од аеродром на враќање;
- користење конференциска сала;
- кафе и освежување за време на паузата на советувањето;
- пратител на групата;
- разглед на Рим.

(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта).

Котизација за советувањето
- Котизацијата за советувањето изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ).
Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 20% попуст на котизацијата, а се добива и работен материјал и сертификат за присуство на советувањето.
 
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на Стопанска комора на Македонија на Вашата електронска пошта). 
  
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• задолжително патничко осигурување и индивидуални дополнителни факултативни трошоци;
• посета на Ватикан со приоритетна влезница и водич изнесува 60 евра;
• јавен превоз во Рим.

*  Последен рок за пријавување: 21 јануари 2019 година.
*  По овој рок центата за аранжманот не е загарантирана поради можни промени на авионскиот билет.
*  Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи и од распложливите капацитети на хотелот во Рим.

Минимален број за реализирање на оваа обуката е 15 учесници.    


Агенда на настанот Пријавен лист Останати документи Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје