ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
За комората, историја, јубилеи, политика за квалитет
   

КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Harold_Wilson_Allan_Warren

„Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите,  отколку како опонент во нивната примена“
(Џејмс Харолд Вилсон, премиер на Велика Британија во седумдесеттите години од минатиот век)

1922 – 2019 година. Уште  три години и едно столетие од коморското организирање во Македонија.

Како застапници на интересите и гласот на бизнис-секторот, коморите се институции со долга историја и претставуваат значаен економски фактор во секоја држава без разлика на видот на системот на коморско уредување.

Македонија, како дел од Отоманската империја, била значајна бидејќи се наоѓала на крстопатот помеѓу сите патни правци (исток, запад, север и југ). Во старите турски документи, во периодот на XVI - XVII век, период на историски, но и културни промени, се наоѓаат податоци за формирањето на т.н. „одаси“, односно еден вид еснафски здруженија, зачетоци на коморското организирање во Македонија.

Според официјалните податоци, првите зачетоци на коморското организирање на територијата на Македонија се евидентирани од 1922 година кога со Законот е основана Трговско-инустриската комора со седиште во Скопје. Со Законот за претпријатијата од 1931 година, коморите се трансформирани во советодавен и помошен орган на државната власт, преземајќи истовремено одредени јавно-правни функции (издавање дозволи, уверенија, легитимации, вршење на арбитражно судство, именување вешти лица и сл.). Со Повелбата на Президиумот на АСНОМ од 18 февруари 1945 година е формирана единствена Трговска индустриска комора со надлежност на територијата на тогашната македонска федерална единица. Од овој период во Република Македонија започнува интензивниот развој на стопанството и на коморското организирање.

Во периодот до 1962 година, кога со Закон е формирана единствената Стопанска комора на Македонија, делуваат и неколку разгрането организирани комори кои дадоа значаен придонес во афирмацијата на коморското организирање во Република Македонија. Со Законот за Стопанската комора на Македонија од декември 2004 година Комората е деловно стручна асоцијација која ги усогласува, застапува и ги штити интересите на своите членови и со формирањето на приватно-правниот модел на коморско организирање брои повеќе од 15.000 членки на доброволна основа. Стопанската комора на Македонија од 1994 година стекна статус на член на Меѓународната трговска комора.
 
Комората, како  облик  на  организирање  на  стопанството  во  Република  Македонија,  со својата  активност,  извршувајќи  ги  своите  функции,  даде  огромен  продонес  за  развојот  на македонското стопанство, а пред се`, за стручното оспособување на кадрите, подобрување на квалитетот на производството, развојот и  афирмацијата  на  стопанските  потенцијали  преку пропаганда, промотивна и претставничка  функција  на  одредени  специјализирани  организации чиј основач беше Стопанската комора.
Од декември 2004 година, со Законот за Стопанската комора на Македонија, Комората е деловно  стручна  асоцијација којашто  ги  усогласува,  застапува  и  ги  штити  интересите  на  своите членови и со формирањето на приватно-правниот модел на коморско организирање брои повеќе од 15.000 членки на доброволна основа. Во   Комората   на   доброволна   основа   се   здружуваат   правни   лица   со   седиште   во Република  Македонија  кои  вршат  стопанска  дејност  и  се  запишани  во  трговскиот  регистер. Во Комората  може  да  се  здружуваат  и  други  субјекти  кои со  својата  дејност  придонесуваат за унапредување на работењето на стопанството.

Стопанската комора на Македонија од 1970 година започна со доделување на Првомајската награда, а во 1994 година таа се преименува во Награда на Стопанската комора на Македонија и се доделува по повод Денот на Комората - 18 Февруари.

Стопанската комора на Македонија од 1994 година стекна статус на член на Меѓународната трговска комора.

Улогата на Стопанската комора на Македонија се гледа токму во развојот.

Несомнен е нејзиниот придонес во вкупниот стопански подем и во профилирањето на економскиот амбиент.

Значењето на стопанските комори постепено се зголемува и станува мерка за степенот на развиеност пазарната економија и демократијата во едно општество. Тие се динамични институции кои, пред се`, имаат задача да го промовираат развојот преку поддршка на бизнисот. Тие се огледало на националните економски субјекти. Како застапници на интересите и гласот на бизнис-секторот, коморите се институции со долга историја и претставуваат значаен економски фактор во секоја држава, без разлика на видот на коморското уредување.

Коморите го отсликуваат степенот на развој на општествено-политичките и економските односи, а со тоа и степенот на развој на пазарната економија во една држава. Така, денес, коморите нудат широка палета на услуги за своите членки.

 

Контакт лице: Станка Дамјановска
Телефон: ++ 389 2 3244016
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: stanka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје