Запознајте ги членовите на нашиот Управен Одбор – АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ, „ИГМ ТРЕЈД“ ДОО КАВАДАРЦИ
➢ Актуелно (24.07.2020)
👁 Прочитано: 1489



Запознајте ги членовите на нашиот Управен Одбор – АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ, „ИГМ ТРЕЈД“ ДОО КАВАДАРЦИ

Од основањето како трговска компанија во 1994 година, „ИГМ-Трејд“ ДОО Кавадарци рапидно се развива како гринфилд инвестиција, станувајќи еден од најголемите производители на челични заварени цевки и профил во Југоисточна Европа и една од најголемите домашни компании во македонската економија. Компанијата денес има над 450 вработени, кои работат во просториите во Кавадарци на површина од 500.000 м2 со производствени капацитети од 280.000 м2.

Производствените капацитети на „ИГМ-Трејд“ ДОО Кавадарци компанијата имаат комбиниран годишен капацитет од 300.000 тони годишно, а компанијата постојано инвестира во нова технологија и има производствен погон за челични конструкции и градежна компанија, кои се користат во изградбата на новите проекти на „ИГМ-Трејд“. Над 95% од производството на компанијата е наменето за извоз, на пазарите во ЕУ и ЦЕФТА земјите.

На крајот на 2015 година, „ИГМ-Трејд“ ДОО Кавадарци ги прошири своите активности надвор од Македонија со купувањето на „Алпос Металургија“, фабрика за заварени челични цевки и профили лоцирана во Сентјур, Словенија, со вредност на инвестицијата од 40 милиони евра. Алпос Металургија“ го рестартираше производството во 2017 година, со капацитет од 100.000 тони годишно.

„ИГМ-Трејд“ ДОО Кавадарци работи на основањето на приватен индустриски парк во Неготино, на површина од 312.900 м2, во кој моментално во изградба се 20 нови индустриски објекти – хали достапни за странски и домашни компании за долгорочен наем и продажба со вкупен покриен простор од 135.300 м2.

М-р Александар Гечев е генерален менаџер на „ИГМ-Трејд“ ДОО Кавадарци и главен извршен директор на „Алпос Металургија“ ДОО Сентјур, Словенија, и е почесен конзул на Република Словенија во Република Северна Македонија.

М-р Александар Гечев е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020-2025.

Служба за информирање при Комората