МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ

   

АКТУЕЛНО / 28.11.2019
👁 Прочитано: 143


МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ

IKEAПсихологијата во работната средина има свои законитости, а една од нив вели дека менаџерот мора да се занимавате со своите вработени. Имено, деловните резултати не се случуваат со самиот факт што некој е вработен и добива плата. Оној дополнителен влог кој ќе ја направи разликата и која најмногу ќе го привлече вниманието може да ја даде само вработен кој е мотивиран. Мотивацијата сепак произлегува и од фактот дека шефот ја забележува нивната работа, вложеното време и добрите резултати.

Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџери-претприемачи, се одржа предавањето на темa: „Менаџирање на вработени“, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој „Симбиотика“.

Доколку организацијата има систем и менаџери кои можат да ги мотивираат луѓето ќе има огромен успех, бидејќи мотивираните вработени се подготвени да вложат многу труд, енергија, посветеност, креативност и упорност за да ја остварат поставената цел.

IKEAСепак, мотивирањето воопшто не е лесно, објаснува д-р Ѓуров. Често се мисли дека повисоката плата, бонусите сами по себе ги чинат вработените задоволни. Но, финансиската награда не е секога мотивирачки фактор, особено не на долг рок.  Бидејќи кога станува збор за мотивирањето преку пари, вработените се секогаш подготвени да ја напуштат компанијата само затоа што на друго место ќе добијат повеќе.

Оттука, мотивацијата и задоволството на вработените се главно задолжение на менаџерот на човечки ресурси, бидејќи само преку квалитетен мотивациски систем компанијата може да ја подобри својата конкурентска позиција и да ја зголеми својата вредност.
 
Валентина Цветковска