Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
04.11.2019 👁 Прочитано: 402

Благодарница за Стопанската комора на Македонија на 10-годишниот јубилеј на Агенцијата за супервизија на осигурување


На свеченото одбележување на 10-годишнината од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување и Денот на осигурување (1 Ноември) на Стопанската комора на Македонија и беше доделена Благодарница за успешна соработка и придонес во работата и развојот на Агенцијата.

Наградата ја прими д-р Јелисавета Георгиева- Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Македонија.

Како што истакна д-р Климе Попоски, соработката со бизнис заедницата е од исклучителна важност за повисок и одржлив раст на осигурувањето, а посветеноста и поддршката на Стопанската Комората во унапредувањето на осигурителниот сектор и обезбедување подобра регулаторна рамка ја потврди преку низа заеднички настани и активности во изминатиот период.

Така,  минатиот месец Агенцијата за супервизија на осигурување и Стопанската комора на Македонија ја организираа првата „Insurtech Skopje 2019“ Конференција, на којашто се презентираа дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија, додека на на настанот InsurHack Skopje 2019, повеќе стартап компании ги презентираа своите решенија, меѓу кои за дигитализација на европскиот извештај за пријава на штета, за онлајн компарација на цени на осигурување од автоодговорност и каско, како и за решение за прибирање и обработка на податоци за возење.

Благодарница за Стопанската комора на Македонија на 10-годишниот јубилеј на Агенцијата за супервизија на осигурување