Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
22.10.2019 👁 Прочитано: 404

ПОРАКА ОД ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР – КОМПАНИИТЕ КРАТКОРОЧНО, КОМОРАТА ДОЛГОРОЧНО ДА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ ОД КАДАР


Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите одржа седница на која ги поддржа активностите кои Стопанската комора на Македонија ги презема во доменот на образованието со цел обезбедување стручни кадри приспособливи на потребите на бизнисот, при што градежните компании изразија интерес како Здружение активно да се вклучат во имплементацијата на краткорочните мерки за обезбедување квалификуван кадар, додека Комората ќе продолжи долгорочно да делува во насока на надминување на јазот помеѓу кадрите кои во моментот ги продуцираат образовните институции и квалификациите кои му се потребни на стопанството.

М-р Наташа Јаневска, самостоен советник во Комората, ги презентираше резултатите од анализите изработени од Комората во областа на образованието, посочувајќи дека 80% од активните баратели на работа се долгорочно невработени, главно поради фактот што нема усогласеност на стекнатите вештини и компетенции и побарувачката на пазарот на труд. Во таа насока се дискутираше и се истакна потребата од пропишување соодветни критериуми за упис во стручното и високото образование и рационализација на стручните училишта земајќи ги предвид локалните и регионалните потреби на бизнисот.

На седницата беше даден осврт и на актуелните состојби во градежниот сектор, предлозите на компаниите за унапредување на законските прописи кои го засегаат работењето во секторот, а се дискутираше и за стратешките правци за натамошното делување на Комората, како и за планираните активности од едукативен и информативен карактер на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите во следниот период.

-Деловните тенденции во градежништвото во првото полугодие на 2019 година наспроти истиот период лани се позитивни, со остварен пораст на градежништвото во БДП од 4,9 %. Во компарираниот период, пораст бележи бројот на издадени одобренија за градење од 11,8 %, предвидената вредност на објектите од 4 %, како и вредноста на договорени градежни работи од 28 % (во периодот јануари – јуни 2019 година договорени биле градежни работи во вредност од 48,9 милијарди денари) и вредноста на извршените градежни работи (во периодот јануари - јуни оваа година извршени биле градежни работи во вредност од 10,08 милијарди денари). Сепак, потребно е да се согледаат и резултатите по завршување на второто полугодие за да може да се даде целосен приказ на состојбите во секторот за оваа година, да се сумираат заклучоците на Здружението и да се дадат препораки за натамошно делување и унапредување на деловниот амбиент на компаниите, - истакна Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите.

М-р Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Комората за економски прашања, говореше за стратешките правци за натамошното делување и работење на Комората, во насока на нејзино стратешко позиционирање и трансформација во Комора на иднината. – Економските околности и бизнис амбиентот се менуваат постојано што бара приспособување и континуирано надградување на економските субјекти, вклучително и на Комората. - Традиционалните коморски активности за вмрежување и претставување на членките ќе продолжат и понатаму, а опсегот на делување на Комората ќе се прошири и преку специфични активности кои Комората ја ставаат во улога на консултант за потребите на компаниите што треба да придонесе за унапредување на деловното работење и креирање на додадена вредност за членките, - истакна Јовановски.

м-р Нена Николовска

ПОРАКА ОД ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР – КОМПАНИИТЕ КРАТКОРОЧНО, КОМОРАТА ДОЛГОРОЧНО ДА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ ОД КАДАР
ПОРАКА ОД ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР – КОМПАНИИТЕ КРАТКОРОЧНО, КОМОРАТА ДОЛГОРОЧНО ДА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ ОД КАДАР
ПОРАКА ОД ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР – КОМПАНИИТЕ КРАТКОРОЧНО, КОМОРАТА ДОЛГОРОЧНО ДА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ ОД КАДАР
ПОРАКА ОД ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР – КОМПАНИИТЕ КРАТКОРОЧНО, КОМОРАТА ДОЛГОРОЧНО ДА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ ОД КАДАР
ПОРАКА ОД ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР – КОМПАНИИТЕ КРАТКОРОЧНО, КОМОРАТА ДОЛГОРОЧНО ДА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ ОД КАДАР