Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
22.10.2019 👁 Прочитано: 639

ПРОМОВИРАН КОНЦЕПТОТ НА ПАМЕТНИ ГРАНИЦИ ЗА БЕСПРЕКОРНА ТРГОВИЈА, ПАТУВАЊА И ТРАНСПОРТ

Стопанската комора на Македонија, денес, 22.10.2019 година, беше домаќин на презентацијата „Паметни граници за беспрекорна трговија, патувања и транспорт“ која се реализира во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, како дел од Конференцијата на Светската царинска организација (СЦО) – „ПИКАРД“ (Партнерство во царинското истражување и развој), која деновиве се одржува во Скопје.

-Презентацијата на концептот на Паметни граници ја акцентира улогата на царинските управи во поддршката на Агендата за одржлив развој на ОН за 2030 година. Со создавање на рамноправен терен за сите засегнати страни преку поедноставени, стандардизирани и усогласени процедури, да се обезбеди навремена испорака на суровини до индустријата, намалување на нелојалната конкуренција во локалните заедници и отворање можности на маргинализираните заедници да пристапат до нови пазари. Концептот на Паметни граници е насочен кон охрабрување на членките на СЦО да навлезат во подрачјето на технологијата за да најдат решенија што би го олесниле протокот на луѓе, стоки и транспорт на границите, следејќи ги водечките принципи за Паметни граници: безбедност, мерливост, автоматизираност, управување со ризици и технологии. Практичната примена на овој Концепт значајно ќе придонесе за осетно подобрување на квалитетот и брзината на поедноставување на царинските постапки, а бенефитите од тоа ќе се почувствуваат преку забрзан прекуграничен проток на стоките, забрзан економски раст на националните економии, - изјави д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Македонија.

-Стопанската комора на Македонија, како најбројна бизнис асоцијација во земјата, имајќи ги предвид препораките  за реализација на „европската агенда“, активно е вклучена во активностите за подобрување на бизнис опкружувањето, конкурентноста, иновативноста, научно-технолошкиот развој и слично, давајќи го својот соодветен придонес во таа насока и преку Коморскиот инвестиционен форум (КИФ), - заклучи д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска.

- Ни претставува огромна чест и задоволство што можеме да го угостиме д-р Микурија, кој е на чело на Светската царинска организација од 2009 година и верувам дека искуството кое ќе биде споделено ќе влијае кон зголемување на конкурентноста на македонските економски оператори не само на регионално ниво, туку и на глобално ниво, - изјави м-р Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија.

Д-р Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, изјави дека добрите односи кои треба да ги гради царината со бизнисите е од особена важност. Тој пред присутните ја претстави Светската царинска организација како репрезент на 183 царински управи низ целиот свет коишто опфаќаат околу 98% од глобалната трговска размена.

Во насока на презентирање на концептот на Паметни граници (SMART Borders) д-р Микурија се повика на нивното мото кое гласи: „Границите не` делат, а царината не` спојува“, потенцирајќи го значењето од модерна и функционална царина која во ера на глобализација треба да биде во тек со барањаta и потребите на реалниот сектор. Акцентот д-р Микурија го стави на клучните елементи на кои се базира концептот на Паметни граници, нагласувајќи ја важноста од користењето на големите податоци (big data) за аналитички потреби кои можат да дадат многу појасна слика за електронската трговија, важноста од автоматизирањето на процесите, безбедноста и елиминирање на ризиците, обезбедување мерливост и користење на новите технологии.

Во своето обраќање д-р Микурија исто така посочи дека Северна Македонија има направено голем напредок во користењето на технологијата со цел да се олесни царинското работење, а со тоа и да се подобрат условите за водење бизнис.

Денешната презентација претставува продолжение на успешната соработка на Стопанската комора на Македонија со сите релевантни институции, се’ со цел креирање подобри услови за делување на реалниот сектор, преку либерализација на прекуграничната трговска размена на стоки, капитал и проток на луѓе во насока на создавање единствена зона на економска соработка во регионот и пошироко.

Стопанската комора на Македонија, како најстара и најбројна бизнис асоцијација во земјата, репрезент на повеќе од 15.000 членки, постојано ги следи економските трендови и иницијативите кои произлегуваат од реалниот сектор. Комората е активен поддржувач и промотор на активностите кои придонесуваат за подобро позиционирање на домашните компании на регионалниот и глобалниот пазар.

Михајло Донев 