Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
22.10.2019 👁 Прочитано: 179

СЕ ПОЛНИ „ТУРСКИ ТЕК“


Подружницата на рускиот гигант „Газпром“, компанијата „Јужен тек транспорт“, извести за почетокот на полнењето со природен гас на првиот крак на гасоводот „Турски тек“. Полнењето на гасоводот е значаен чекор кон почетокот на испораките на природен гас кон Турција и кон Југоисточна Европа, што треба да започне кон крајот на 2019 година. По завршување на полнењето на првиот крак, ќе се продолжи со полнење и на вториот крак од овој гасовод. „Турскиот тек“ е гасовод кој води од областа на Црното Море кон Европа. Првиот крак е наменет за снабдување на Турција, а вториот за Југоисточна Европа. Капацитетот на секој крак е по 15,75 милијарди метри кубни.
СЕ ПОЛНИ „ТУРСКИ ТЕК“