ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
02.10.2019 👁 Прочитано: 353

КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР


Агенцијата за супервизија на осигурување и Стопанската комора на Македонија на 2 и 3 октомври  2019 година ја одржуваат првата Конференција „INSURTECH Skopje 2019“.

Конференцијата „Insurtech“ е посветена на употребата на технолошки иновации дизајнирани за да ги зголемат заштедите и ефикасноста прифатена од компаниите од осигурителниот сектор, како и за користење на предностите на новите технологии со цел обезбедување покриеност на дигитално позната база на клиенти. Главна цел на процесот е унапредување на  вредносниот синџир на осигурувањето преку иновации и поставување на клиентот во  центарот на вниманието.

Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, д-р Климе Попоски, посочи дека како регулатор само сакаат да направат поволна регулаторна рамка за да може секој да го најде својот интерес и оти создаваат платформа за комуникација помеѓу осигурителните компании во земјава и стартапите.

-Дали ќе инвестираат осигурителните компании или стартапите ќе бараат приватни инвеститори тоа е работа на бизнис модел помеѓу нив, - рече Попоски.

КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОРВоедно, Попоски посочи дека дел од Конференцијата ќе биде посветен на девет стартап компании кои ќе промовираат свои идеи за дигитални решенија во осигурителната индустрија.

-Тоа ќе биде одлична можност за нивно промовирање, а за осигурителните компании, пак, да разгледаат можности за инвестирање и поддршка на стартапите кои ќе помогнат во подобрување на работните процеси во друштвата за осигурување. На Конференцијата како говорници се присутни и познати експерти од светот на „Insurtech“, - додаде Попоски.

Напредокот во осигурителната технологија може да донесе профит и придобивки за сите во македонската осигурителната индустрија, порача Кофи Бенделак, главен извршен директор на „Insurtech Israel“.

Бенделак посочи дека на Конференцијата се присутни многу претприемачи и стартапи и оти се дојдени тука за да ги слушнат нивните презентации. Тој нагласи дека има чувство оти македонската осигурителна индустрија ќе има големи промени во годините што следат.

КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОРСметам дека осигурителната технологија во Македонија е мошне активна во последниот период, исто како и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Напредокот во оваа технологија може да им донесе профит и придобивки на сите во оваа индустрија, - изјави Бенделак.

Во Израел, потенцира Бенделак, има илјадници стартапи и ги организираме како заедници за да си помогнат сами на себе и полесно да се пробијат на пазарот.

-Имаме дваесетина компании кои се занимаваат со осигурителна технологија и се мошне поврзани со заедницата која им дава можност да одат понатаму и да напредуваат. Стартапите не ги финансираат осигурителните компании, туку се само нивни клиенти. Финансиите доаѓаат од компании како нас, а не од осигурителните компании, бидејќи доколку ги финансира некоја осигурителна компанија не ќе може да соработуваат со останатите осигурителни компании, - рече Бенделак.

Влатко Стојановски

КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР
КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР
КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР
КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР
КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР
КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР
КОНФЕРЕНЦИЈА „INSURTECK“ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР