ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
04.07.2019 👁 Прочитано: 504

ЗДРУЖЕНИЕТО „ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА“ НА САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ


Во рамки на Самитот на Западен Балкан, којшто се одржува денес, на националниот штанд на Република Северна Македонија, Здружението „Вина од Македонија“ („Wines of Macedonia“) се претстави како успешен пример на асоцијација од регионот на Западен Балкан и ги претстави еден од најпознатите и најуспешните домашни производи - македонското вино.  На националниот штанд минувачите имаа можност да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарници, како и да се запознаат со начинот на производство на истите.

ЗДРУЖЕНИЕТО „ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА“ НА САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ

Извршниот директор на Здружението, Елена Младеновска-Јеленковиќ, истакна дека учеството на овие настани ни овозможува подобро да се промовираме како земја, но и подобро да се запознаеме со најновите трендови и навики на потрошувачите од Европската унија. - Преку ваков вид на промоција и во контакт со чинителите на политиките, имаме можност да ги истакнеме потенцијалите на македонската винска индустрија, но и приоритетите во однос на унапредувањето на конкурентноста, заштитата на географското потекло и регистрацијата на географските ознаки за вино во Македонија, - додаде Јеленковиќ. 

Промоцијата на македонските вина, како и секогаш, па така и денес, предизвика голем интерес кај претставниците од 16-те земји учеснички на овогодишниот Самит.

м-р Сања Николова

ЗДРУЖЕНИЕТО „ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА“ НА САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ
ЗДРУЖЕНИЕТО „ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА“ НА САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ