ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.06.2019 👁 Прочитано: 873

ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ


Презентацијата на условите за учество на јавниот оглас за доделување премии за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште, пред членките на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) направи вицепремиерот задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев. Тој истакна дека јавниот повик ќе се однесува за изградба на фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 35 мегавати, а  сите заинтересирани инвеститори ќе може да ја подигнат тендерската документација и да аплицираат во рок од 60 дена, по што ќе биде извршено јавно отворање на доставените понуди на 21 август 2019 година. Владата, преку овој повик ги олеснува и скусува административните процедури за инвеститорите. За земјиштето каде што ќе се градат фотонапонските електрани, Владата ги презема административните обврски за пренамена и урбанизација на земјиштето, а во име на сите инвеститори преговараше за цената на приклучок кон дистрибутивниот систем. На овој начин процедурите кои би траеле до година и пол ќе се скусат на околу половина година, со што ќе се забрза процесот на изградба. Главниот критериум кој ќе треба да го запазат инвеститорите е висината на Премиумот, односно инвеститорите ќе се натпреваруваат на аукција, со негативно поддавање за висината на понудениот Премиум. Ова е првиот чекор кон изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност до 200 MW.

ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ

На јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани, кој ќе биде објавен во „Службен весник на РСМ“, заинтересираните инвеститори ќе може да аплицираат за изградба на следниве локации, во месноста Азамбегово – Свети Николе и во месноста Манастирец – Македонски Брод. Во Македонски Брод ќе може да се аплицира за една електрана од 10 MW, додека во месноста Азамбегово- Свети Николе ќе може да се аплицира за една од 10 MW, една од 5 MW, две од по 2 MW и шест електрани од по 1 MW.

Потребната документација што треба да ја достават инвеститорите за да учествуваат на јавниот повик е поделена во три дела и тоа:
• докажување на личната состојба;
• способност за вршење професионална дејност и
• економско-финансиска способност.

Исклучување од постапка за доделување право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотоволтаична електрана ќе се случи доколку:
• во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
• е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
• има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
• е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
• е изречена споредна казна, привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
• е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;
• дава лажни податоци или не ги доставува бараните податоци.

Професионалната способност на економските оператори се докажува на следниов начин:
• за да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ дека е регистриран како домашно трговско друштво во Централниот регистар на Република Северна Македонија, или доказ за упис во соодветниот регистар во земјата каде што е основано доколку економскиот оператор е странско правно лице;
• понудувачот, во последните три години да има остварено кумулативен вкупен приход еднаков на 500€ по киловат инсталирана моќност за фотонапонската централа за која ја поднесува понудата;
• доколку еден понудувач достави понуди за повеќе локации, при евалуацијата на доставените понуди, вкупниот приход кој е предмет на евалуацијата се однесува за вкупната понудена инсталирана моќност за сите парцели;
• економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата (гаранција за учество). Висината на гаранцијата за учество не смее да биде пониска од 1.200,00 денари по kW инсталирана моќност, а доколку економскиот оператор е странско лице доставената гаранција за учество не треба да е пониска од 20,00 € по kW планирана инсталирана моќност на фотонапонската централа

ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ
 
Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување неотповиклива гаранција на прв повик од страна на избраниот најповолен понудувач за навремено и квалитетно извршување на договорот во износ од 4.650,00 денари по kW инсталирана моќност, или доколку најповолниот понудувач е странско лице, во износ од 75,00 € по kW планирана инсталирана моќност на фотонапонската централа до денот на комерцијално започнување со работа. Понудувачите можат да поднесат понуди за најмногу четири фотонапонски електроцентрали од вкупно 11, односно најмногу три за локацијата Азамбегово - Свети Николе и една за локацијата Манастирец - Македонски Брод.

Перо Авакумовски

ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ
ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ
ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ
ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ
ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ
ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ
ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ