1032 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.04.2019 👁 Прочитано: 938

СТАРО НОВО РАКОВОДСТВО НА ГРУПАЦИЈАТА НА БАЊИТЕ


Групацијата на бањите во рамките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија одржа седница на којашто беше дадена поддршка на досегашниот претседател и заменик-претседател на Групацијата, за што добија и втор мандат. Претседателот Трим Кемаљи од „Дебарски Бањи“ и заменик-претседателот на Групацијата, д-р Мишо Михајловски, ќе ја координираат Групацијата и следните две години согласно Правилата за работа на самата групација. 

Изборот беше потврден откако претседателот Ќемали информираше за тоа што Групацијата има сработено во изминатите две години, со акцент на неколку  проблеми кои се значајни за оваа дејност.

Како значајни проблеми се наведоа: регулирањето на статусот на бањите во Законот за здравствена заштита, можноста бањите да бидат туристички центри, висината на концесијата на термоминералните води што ја плаќаат,  распределбата на квотите за продолжено болничко лекување на 4-те бањи согласно расположливиот буџет на Фондот за здравствено осигурување, можноста за зголемување на вредноста на еден болнички ден, процесот на користење на рекреативниот бањски туризам од пензионерите и други тековни работи за кои, како што беше посочено, ќе се дискутира и во текот на оваа година, за што ќе бидат реализирани и побарани состаноци пред се` со надлежни државни институции.  

Во Македонија, во моментов во функција се 4 бањи - „Негорски Бањи“ во Гевгелија, „Цар Самуил“ во Струмица, „Катлановска Бања“ во Скопје и во Дебар, „Бања Бањиште“ и „Косоврасти“.

Даниела Михајловска Василевска

СТАРО НОВО РАКОВОДСТВО НА ГРУПАЦИЈАТА НА БАЊИТЕ
СТАРО НОВО РАКОВОДСТВО НА ГРУПАЦИЈАТА НА БАЊИТЕ