„Најк” се адаптира на новото „нормално”
👁 Прочитано: 378



„Најк” се адаптира на новото „нормално”

„Ако треба да издвојам една работа, тоа би била мојата способност да ги проценам луѓето“, е изјава на Фил Најт, основачот на мултинационалната американска компанија „Најк“.  Очигледно оваа своја способност ја користи и за опстојување во услови на здравствена и економска криза, адаптирајќи се на моменталните услови на пазарот и новото „нормално“.

За време на корона кризата „Најк“ оствари извонреден профит од продажба преку Интернет, со што се компензира за претходниот пад на приходите забележани во продавниците.

Со раст на дигиталната продажба од 82 проценти, во периодот од јуни до август оваа година, „Најк“ оствари пораст на приходите на 10,6 милијарди американски долари, благодарение на закрепнувањето на многу клучни пазари, вклучувајќи ја и Кина. Потрошувачите сè повеќе претпочитаат „онлајн“ купување и ретко се враќаат на старите навики за купување во спортските продавници, поради ова  „Најк” во иднина планираат само „онлајн“ продажба.

„Најк“ забележа вонредна продажба во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, потоа во Велика Британија, додека забележа пад во Соединетите Американски Држави. Акциите на компанијата се зголемија за повеќе од 10% во трговијата.

Служба за информирање при Комората