Провајдерот „БтоБет“ стана дел од шведскиот „Aspire Global“
➢ Актуелно (24.09.2020)
👁 Прочитано: 805



Провајдерот „БтоБет“ стана дел од  шведскиот „Aspire Global“

Компанијата „БтоБет“ која многу бргу стана еден од светските лидери и провајдери на технологии за казино и спортско обложување, се присоедини кон „Aspire Global“, компанија што котира на шведската берза, склучувајќи зделка вредна 20 милиони евра. Со аквизицијата двете компании ќе дејствуваат на меѓународните пазари преку платформата за спортско обложување „БтоБет“ ДООЕЛ - Скопје.

За оваа групација се отвораат многу нови можности како во Европа, така и во Северна Америка, а „БтоБет“ Дооел ќе го задржи своето место како лидер во Африка и во Латинска Америка.  Центарот за технолошки развој на „БтоБет“ е со седиште во Македонија, а комплетната технолошка иновација на компанијата е реализирана во Скопје, Битола и во Охрид, преку тим на експерти за информатичка и комуникациска технологија. Тимот содржи експерти од повеќе области и брои повеќе од 70 високообучени професионалци со тенденција на проширување. Како главен продукт на компанијата се смета платформата „Neuron“, што ги задоволува растечките барања на спортските обложувалници и на „онлајн“ казината во светот. Напредната технологија која е темел на оваа платформа, им овозможува на „БтоБет“ технолошка флексибилност и стабилност, можност за работа на малопродажба, како и „онлајн“-активности преку компјутер или мобилен. Македонската компанија, зад која стои Игор Лештар и која на почетокот беше составен дел од ИТ-гигантот „Сеавус“, за само пет години се позиционира меѓу топ 10 провајдери за технологии за казино и спортско обложување.

Служба за информирање при Комората