КРИЗАТА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ПРЕРАСПОРЕДУВАЊА НА СТОПАНСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА СВЕТСКО НИВО
👁 Прочитано: 2063



КРИЗАТА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ПРЕРАСПОРЕДУВАЊА НА СТОПАНСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА СВЕТСКО НИВО

Орце Давчев, претседател на Здружението на металната и елктроиндустријата, „Брако“ ДОО - Велес

Периодот на кризата поради Ковид-19, металната и електроиндустријата го минуваат со намалено работење, пред сѐ поради намалените нарачки, намалениот број на вработени поради превенција, карантин и сл., немање нови проекти. Падот во обемот на работењето е за 20 до 30%. Падот на производството услови и пад на извозот поради одложување на нарачките од странските партнери како резултат на падот на светската побарувачка.   

Во услови на пораст на фиксните трошоци поради намалениот обем на производство и раст на трошоците на фирмите поради обезбедување на специфичните здравствени услови, приспособениот начин на организирање на производството и целокупната работа на самите компании што крајно условува намалување на продуктивноста - речиси и да не се размислува за остварување профит во компаниите.

Македонското стопанство е мало и со незначителен обем во однос на европското. Втората половина на оваа година, а сигурно и наредната, ќе бидат со исти, можеби и со полоши економски ефекти поради очекувано продолжено траење на здравствената криза.

На подолг рок ќе има промени во потребите и стилот на живеењето кај населението, а тоа ќе предизвика сериозни нарушувања и прераспоредувања на стопанските активности на светско ниво.

Служба за информирање при Комората