КРИЗАТА - ПРЕДИЗВИК И ПОТТИК ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР СЀ ПОВЕЌЕ ДА СЕ РАЗВИВА
👁 Прочитано: 4530



КРИЗАТА - ПРЕДИЗВИК И ПОТТИК ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР СЀ ПОВЕЌЕ ДА СЕ РАЗВИВА

Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Групацијата на осигурување

Пандемијата има очекуван и неминовен економски импакт врз сите дејности, па и врз осигурителната индустрија. Најголем удар досега претрпеа осигурителните класи, како осигурување од автомобилска одговорност, зелениот картон и здравственото патничко осигурување кои, поради сезонските навики на клиентите, вообичаено се многу актуелни во овој период од годината. Имајќи ги предвид мерките на претпазливост и неизвесноста што ни ја носи пандемијата, мораме да најдеме начин на функционирање кој ќе обезбеди континуитет во работата и воедно ќе го заштити здравјето на вработените и на клиентите. Секој ваков непредвидлив настан од една страна претставува удар врз економијата, но од друга страна е предизвик и поттик осигурителниот сектор сѐ повеќе да се развива и во други насоки, поточно да се фокусира на доменот на незадолжителните класи на осигурувања, дигитализацијата и на воведувањето нови продажни канали.

Служба за информирање при Комората