„КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ 2020“ - СО АКЦЕНТ НА РЕГИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ

   

👁 Прочитано: 270


„КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ 2020“ - СО АКЦЕНТ НА РЕГИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ

„Копаоник бизнис форум“ или регионалниот Давос, кој се одржува од 1 до 4 март, акцентот годинава дефинитивно го става на регионалниот пристап.

Фактот дека од 28 панели, најмалку 10 се посветени на целиот регион е доволен доказ за тоа.

Покрај претставниците на стопанските комори на земјите од регионот, истакнати бизнисмени, деловни луѓе, специјални гости ќе бидат поранешни шефови на држави и влади од Хрватска, БиХ, Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија.

Голем број панели ќе бидат посветени на четвртата индустриска револуција, на дигитализацијата, едукацијата, паметната специјализација, на политикат за вработување и т.н. „одлив на мозоци“. А колку е значајна 4.0 индустриска револуција говори и фактот дека оваа година тоа е централна тема на овој еминентен економски собир.

-Четвртата индустриска револуција веќе има големо и трајно влијание врз сите индустрии. За да може економијата ефективно и ефикасно да одговори на минатите и идните предизвици и да се фокусира на агендата за нов раст, потребно е да се создаде и да се одржи соодветно опкружување засновано на макроекономска стабилност, подобрување на управувањето со јавниот и приватниот сектор и нови индустриски политики, посочува Александар Влаховиќ, претседател на Здружението на економисти на Србија, потенцирајќи дека годинашниот „Копаоник бизнис форум“ ќе биде посветен на промовирање на храбри идеи кои ќе помогнат подобро да се разбере потенцијалот на индустријата 4.0. - Целта на „Копаоник бизнис форум 2020“ е да ги мотивира сите учесници да го разберат и активно да го обликуваат економскиот и деловниот екосистем во обид да започнат глобална економија заснована врз иновации и универзална подвижност, - посочува Влаховиќ.

Форумот предвидува да се реализираат и специјални интервјуа со потврдени и докажани успешни иноватори. Со Емил Тадески, голем регионален инвеститор, основач и сопственик на „Атлантик Група“, како и со Александар Кавчиќ, поранешен студент во Гимназијата за математика и сегашен професор на Универзитетот „Карнеги Мелон“ (Carnegie Mellon), познат по тоа што ја добил вторaта најголема оштета во Соединетите Американски Држави за украдено откритие.

„Копаоник бизнис форум 2020“ е организиран од Алијансата на економисти на Србија во партнерство со Мастеркард. Како и сите претходни години, претстојниот „Копаоник бизнис форум“ ќе биде саем на идеи и место каде што се сумирани резултатите од економската политика на нашата земја помеѓу двата настана.

http://www.kopaonikbusinessforum.rs/

Служба за информирање