ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИПАРД ВО БИТОЛА

   

АКТУЕЛНО / 24.01.2020
👁 Прочитано: 314


ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИПАРД ВО БИТОЛА

Во соработка со подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД фондовите и со поддршка на Регионалната комора со седиште во Битола, на 23.01.2020 година, во Битола се одржа информативна сесија за новиот Повик за Мерката 3 од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020.

Пред голем број присутни стопанственици од битолско-преспанскиот регион, претставниците на Телото за управување со ИПАРД им ги презентираа поединостите за Мерката 3: Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства по Мерката 3: „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД  Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од декември 2019 година се наменети за финансиска поддршка на следните видови инвестиции:
-инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи: Млеко и млечни производи; Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина); Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури); Житарки, мелнички продукти и продукти од скроб; Производи од зеленчук и масла и маснотии од животни; Шира, вино и оцет;  Производство на енергија преку погони за преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИПАРД ВО БИТОЛА

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Јавниот повик трае до 11.02.2020 година.

м-р Никола Димковски