СТАБИЛНОСТ ВО ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА РЕЗУЛТИРА СО ДОБРИ ИЗВОЗНИ ПЕРФОРМАНСИ

   

👁 Прочитано: 1403


СТАБИЛНОСТ ВО ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА РЕЗУЛТИРА СО ДОБРИ ИЗВОЗНИ ПЕРФОРМАНСИ

Во Кавадарци потпретседателот на Стопанската комора на Македонија д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и Јадранка Аризанковска одговорна за ЕУ-проекти во Комората остварија работна посета со административната директорка Билјана Дескоска.

На состанокот се дискутираше за тековните активности кои Алајанс Уан ги превзема во насока на следење на тековите во тутунската индустрија како и превземање соодветни мерки. Беше посочено дека иако на светско ниво тутунската индустрија има тенденција на опаѓање, во нашата земја во овој домен активностите се одвиваат на задоволително ниво. Компанијата има зацртано инвестициони активности кои се исполнуваат и одговара на барањата на своите партнери. Она што е потребно за следниот период е правно додефинирање  и подобро регулирање во ЗРО на категоријата сезонски работници, на што државата работи. Планови на компанијата во следниот период е да се остане и понатаму доследна на моделот транспарентна и социјално одговорна компанија со тоа што ќе се следат и почитуваат високите стандарди за безбедност и здравје при работа; да се почитуваат стандардите и спецификациите за квалитет на клиентите; унапредување на земјоделските практики; зголемување на ефикасноста на тутунопроизводителите со тоа што ќе се намали трошокот за производство а зголеми квалитетот на тутунот и на почвата, да се стане префериран добавувач кај странските клиенти како и зголемување на обемот на работа и вредноста на производите.

Од претставниците на Комората беа посочени активностите кои Комората ги има зацртано како значајни за следниот период а тоа се: активно учество во проектните активности во земјата и во рамките на Коморскиот инвестициски форум, активности делот на дуалното образование, поддршка на извозните компании, поддршка на компаниите во пронаоѓање на деловни партнери и поддршка во учество на проекти и олеснување до пристапот на финансиски инструменти, развој на инфраструктурата и вмрежување на домашните со странснките компании.

Алајанс Уан Македонија АД како филијала на Алајанс Уан Интернешнал Инк., е дел од холдинг компанијата Пиксус Интернешенал со седиште во Морисвил, Северна Каролина, САД која оперира во 45 земји на 5 различни континенти во светот и во неа работат околу 4.500 постојано вработени и повеќе од 17.000 сезонски работници. Главна дејност на Алајанс Уан Интернешнал Инк. е производство и обработка на тутун кој се користи во интернационални брендови на цигари произведени од страна на водечките мултинационални производители на цигари.

Од средината на април 2011, Алајанс Уан Македонија работи во нови објекти со најнова и најмодерна технологија за обработка и складирање на тутун. Инвестирани се околу 13.000.000 САД$ во згради и нова опрема со што капацитетите за обработка и складирање се повеќекратно зголемени, се отвараат можности за постојани и сезонски вработувања и се исполнуваат високите стандарди на клиентите.

СТАБИЛНОСТ ВО ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА РЕЗУЛТИРА СО ДОБРИ ИЗВОЗНИ ПЕРФОРМАНСИ

 

СТАБИЛНОСТ ВО ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА РЕЗУЛТИРА СО ДОБРИ ИЗВОЗНИ ПЕРФОРМАНСИ

Главна дејност на Алајанс Уан Македонија е откуп и обработка на Македонски ориентални тутуни. За таа цел, компанијата склучува договори и откупува тутуни од тутунопроизводителите од цела Македонија при што околу 1/3 од вкупното производство на тутун во Македонија секоја година е откупено од страна на Алајанс Уан Македонија. Клиенти се водечките производители на цигари, како што се:

• Philip Morris International
• Philip Morris USA
• British American Tobacco
• Imperial Tobacco
• Japan Tobacco International
• Reynolds American Tobacco

Компанијата Алајанс Уан како една од 100-те најголеми извозни компании во 2018 година има достигнато преку 40 милиони евра извоз.

Има 79 вработени на неопределно и преку 400-тини со договор на определено време (сезонски). Активна членка, покровител и поддржувач е на Стопанската комора на Македонија и активно е вклучена во органите и телата на Комората.

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
Јадранка Аризанковска