ЈУБИЛЕЈ: 97 години коморско организирање во Македонија

   

👁 Прочитано: 7585


ЈУБИЛЕЈ: 97 години коморско организирање во Македонија

Почитувани пријатели,

Денес одбележуваме 97 години заедништво со македонскиот бизнис и 1096 денови до 100-годишниот Јубилеј. Не нарекувале на различни начини, и праведно и неправедно, но ние секогаш сме биле едно - КОМОРА НА УСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ. Нема институција во државата која поседува КАПАЦИТЕТ СО МАТЕРИЈАЛНИ И ЧОВЕЧКИ ДОБРА како нашата Комора. Илјадници инженери, економисти, правници, магистри, доктори на наука е потенцијал кој мора да се стави во функција на развојот.

Ние сме ПАРТНЕРИ НА ДРЖАВАТА, со која имаме иста цел - членство во НАТО и ЕУ. Тие се наша голема ОДГОВОРНОСТ.

НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ВИ ПОРАЧУВААТ:

1. НАША ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ КАКО МАЛА ЗЕМЈА Е ДА ПОСТИГНЕМЕ ПОВИСОКИ СТАПКИ НА РАСТ ОД ПРОСЕКОТ НА РЕГИОНОТ.
2. ДА ГИ СТИМУЛИРАМЕ ОНИЕ КОИ СОЗДАВААТ НОВА ВРЕДНОСТ, А ТОА СМЕ НИЕ - РЕАЛНИОТ СЕКТОР.
3. МЕЃУСЕБНО ДА СЕ ПОЧИТУВАМЕ ЗАТОА ШТО ТОА Е ОСНОВА ЗА НАПРЕДОК.

БРАНКО АЗЕСКИ