ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.02.2019 👁 Прочитано: 660

Бизнис средба на македонски и турски компании за продлабочување на соработката и инвестициските активности реализирана во Стопанската комора на Македонија


Бизнис соработката меѓу Македонија и Турција има голем потенцијал и перспектива. Денешната средба на претставници на компании од двете земји е само потврда за таквите можности, истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, како домаќин на турската бизнис делегација од македонско – турскиот деловен совет во рамки на Бордот за надворешно економска соработка од Турција (ДЕИК).

Делегација Турција 

Македонија во Турција гледа сериозен партнер. Нашата земја станува членка на НАТО алијансата а многу блиску сме и до европското семејство, потенцираше Пешев пред турските компании кои денеска реализира средба со потенцијални партнери од нашата земја во просториите на Стопанската комора на Македонија. Во улога на домаќин Пешев им посака добредојде на бизнисемените од Турција и ги информираше за можностите и начините на поврзување со македонски партнери преку Комората. На турската бизнис делгација и порача дека, во Комората може да гледаат сигурен партнер за изнаоѓање нови деловни соработници на македонскиот пазар и остварување  бизнис реалции, бидејќи информацијата стига до повеќе од 15.000 членки.  

Делегација Турција

Оваа средба е само една во низата која го креира мостот за воспоставување цврсти деловни односи меѓу двете земји. Македонија и Турција имаат многу сличности во културата, традицијата, историјата но не и во економската соработка. Затоа преку ваквите средби треба да се работи на зголемување на економската соработка и поттикнување на инвестициските активности, истакна Билал Кара претседател на Македонско – турскиот деловен совет во рамки на ДЕИК.

Делегација Турција

Турските бизнисмени таргетираат дека потенцијал за соработка има во металниот и електро секторот, енергетиката, градежништвото, хемиската идустрија, фармацијата, туризмот. Турски компании како инвеститори се веќе присутни во значителен број во земјава. Во банкарскиот сектор, градежништвото, сообраќајот, медицината, туризмот, посочи Кара.

И денешната посета на турската бизнис делегација, која покрај бизнис средбата во Стопанската комора на Македонија има планирани активности и директна посета на компании со турски капитал, како и средби со владини претставници е во насока на продлабочување на соработката и развивање на нови можности за поврзување на компании и бизниси од двете земји. 

Делегација Турција

Во рамки на бизнис средбата во Комората, пред турските бизнисмени беа претставени и потенцијалите за инвестирање во Македонија од страна на Агенцијата за странски инвестиции и подршка на извозот на РМ.  

Турските и македонските бизнисмени кои беа присутни на денешната средба направија кратко претставување на потенцијалните можности за соработка како можност за отпочнување нови бизниси.

На средбата заеднички беше констатирано дека Македонија може да биде почетната точка за развој на турските бизниси и инвестиции во целиот регион и дека Турција е значајна за Македонија како прв дестинација преку која може да се продира на пазарите во афричките земји. 

Делегација Турција  

Инаку вкупната трговска размена меѓу Турција и Македонија изнесува 521,7 милиони американски долари, што претставува раст од 14,5% споредено со 2017 година. Извозот изнесува 96,2 милиони долари со раст од 8,5%, додека увозното салдо е 425,5 милиони долари со раст од 15,9% во споредба со 2017 година.

Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Турција за 2018 година остварен е трговски дефицит од 329,35 милиони долари кој во однос на 2017 година е зголемен за 18,22%. Минатата година Турција е осми трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија.

Делегација Турција

Во поглед на застапеноста на производите во размената во 2018 година во структурата на извозот најмногу се застапени плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, ткаенини од сечени синтетички влакна со други влакна, неткаен текстил, огноотпорни тули, блокови, плочки, керамички производи, други тесни ткаенини,  други ткаенини од памук, сурови кожи, овчи и јагнешки, делови на шински и трамвајски локомотиви и шински возила. 

Во структурата на увозот најзастапени се производите - други плетени или хеклани материјали, други електрични спроводници за напон, други моторни возила за превоз на лица, печки, шпорети, решоа, скари и слично, глазирани керамички плочки за поплочување или обложување, предиво од памук (освен конец за шиење, машини за перење алишта за домаќинство, маици, поткошули и други елеци, плетени или хеклани.

Делегација Турција

Даниела Михајловска Василевска

Бизнис средба на македонски и турски компании за продлабочување на соработката и инвестициските активности реализирана во Стопанската комора на Македонија