ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
08.02.2019 👁 Прочитано: 487

Одржана седница на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија


Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, на седницата на Управниот одбор одржана на 08.02.2019 година, дискутираше за тековните состојби во производството и прометот со оружје и опрема, перспективите за развој на компаниите од наменската индустрија и трговијата со оружје, при што беа определени насоките за дејствување и активностите на Групацијата за следниот период.

Групација

Групацијата ќе презема активности за активно вклучување на  компаниите – членки во подготовката на суштинските прописи од областа на оружјето и опремата, со акцент на Предлог – законот за развој, производство и промет на воени стоки и Предлог – законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста кој сė уште е во процес на подготовка и се очекува да биде објавен на страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), поттикнување на развојот и конкурентноста на домашните компании од оваа област и решавање на тековните проблеми во дејноста, преку остварување соработка со надлежните министерства и институции во делот на безбедноста и одбраната.

м-р Нена Николовска

Одржана седница на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија