ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
08.02.2019 👁 Прочитано: 645

Одржана првата „INSURTECH“ работилница во Стопанската комора на Македонија - ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ


Агенцијата за супервизија на осигурувањето во соработка со Здружението на осигурувањето при Стопанската Комора на РМ и oрганизацијата „Fintechguardian.eu“, на 8.2.2019 година, во Стопанската Комора на Македонија ја одржаа првата „INSURTECH“ работилница за друштвата за осигурување.

Настанот беше фокусиран на развојот и примената на дигитализацијата во осигурителниот сектор и супервизорските стандарди и практики како на национално, така и на ниво на Европската унија, од аспект на креаторите и засегнатите страни кои ги применуваат овие технологии во своето работење.

осигурување

Како што истакна д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, - Се почесто дигитализацијата се претставува како "четврта индустриска револуција" која брзо ги трансформира општествата и економиите. Брзината и обемот на промените веројатно се без преседан. Дигитализацијата има потенцијал силно да влијае врз речиси секоја индустрија, во секоја земја, вклучувајќи ја и осигурителната индустрија.

Меѓутоа, иако дигитализацијата има голем потенцијал, сепак предизвикува ризици што можат да влијаат на фер третманот на потрошувачите и притоа да бидат во спротивност на регулаторните барања за пазарното однесување на осигурителните субјекти и заштита на интересите на потрошувачите . Така на пример, постојат ризици од намален контакт лице-в-лице, недоволно разбирање од страна на потрошувачот за производот или услугата и за самиот давател на услуги, ризици во безбедноста и потенцијална злоупотреба на зголемените количини на податоци за потрошувачи и потенцијално исклучување за некои потрошувачи- .

Гостинот од Бугарија, Десислав Данов, претставник од организацијата „Fintechguardian“ настапи со своја презентација. Тој истакна дека Insurtech се појавил неодамна како термин и феномен. И покрај ова кратко постоење, процесот Insurtech бара сериозен трансформативен потенцијал од индустријата со вековна историја, како што е осигурувањето. Главна цел на процесот е унапредување на  вредносниот синџир на осигурувањето преку иновации и поставување на клиентот во  центарот на вниманието.

осигурување

Insurtech се однесува на употребата на технолошки иновации дизајнирани да ги зголемат заштедите и ефикасноста прифатена од компаниите од осигурителниот сектор, за користење на предностите на новите технологии со цел обезбедување  покриеност на дигитално позната база на клиенти.

На настанот, преку видео јавување во живо се вклучија и експертите од осигурителниот сектор г. Calin Rangu од регулаторното тело во Романија и г. Julian Arevalo од Европското осигурително тело (EIOPA), пришто друштвата за осигурување имаа уникатна можност да ги слушнат искуствата од имплементацијата на новите дигитални процеси во Романија како и глобално во Европската унија. Работилницата заврши во убава атмосфера и интересна дискусија на темата.

Влатко Стојановски

Одржана првата „INSURTECH“ работилница во Стопанската комора на Македонија - ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ